Мембрански напаѓачки комплекс (MAC, од англиски: membrane attack complex) е структура која типично се формира на површината на клеточните мембрани од патогените клетки како резултат на активација на системот на комплементот на домаќинот. Мембранскиот напаѓачки комплекс формира трансмембрански канали. Овие канали ја нарушуваат клеточната мембрана на целните клетки, што води до нивна лиза и смрт.
MAC се состои од подединиците C5b, C6, C7, C8 и неколку молекули на C9.
Повеќе белковини учествуваат во изградбата на MAC. Активираниот C5b се врзува за C6 при што се формира C5b-6 коплекс, потоа за C7 формирајќи C5b-6-7 комплекс. C5b-6-7 комплексот се врзува за C8, кој се состои од три синџири (алфа, бета и гама), при што се формира C5b-6-7-8 комплекс. C5b-6-7-8 последователно се врзува за C9[1][2][3] и делува како катализатор во полимеризацијата на C9.