Менхгут

Местоположбата на полуостровот Менхгут

Менхгут (германски: Mönchgut) — полуостров со површина од 29,44 км2 и околу 6.600 жители во југоисточниот дел на островот Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа помеѓу Грајфсвалдскиот Залив и остатокот на Балтичкото Море. На Менхгут се наоѓаат местата Герен и Тисов; од 2018 година Тисов се наоѓа во новосоздадената истоимена општина. Исто така е дел од биосферниот резерват Југоисток-Риген.

Името буквално може да се преведе како „посед на монаси“. Во 1252 година, Јаромар II ја продал областа на цистерцијанските монаси од Опатијата Елдена, кој бил создаден од еден од неговите претходници, Јаромар I во 1199 година и во тоа време припаѓал на данското Кнежевство Риген. За да ги одвои поседите на монасите од остатокот на островот бил ископан канал помеѓу Бабе и Зелин. Денес е изградена голема дрвена порта на мостот над каналот што го обележува влезот на полуостровот Менхгут.

Полуостровот се состои од неколку ’ртови, како „Редевицер Хефт“, „Клајнер Цикер“ и „Гросер Цикер“. Заливот помеѓу ’ртовите е наречен Хафинг. Надвор од брегот на исток од полуостровот се наоѓа островот Грајфсвалдер Ој.

Во минатото жителите на областа се занимавале главно со рибарство и поморство, денес областа главно е насочена кон туризмот. Голема знаменитост е локалниот историски музеј во Герен, отворен музеј сместен на историски населби. Тука се прикажани локални облеки, по кои Менхгут е особено познат.

Во 1806 година, шведскиот крал Густав IV Адолф започнал да го градот градот Густавија на полуостровот, но морал да ги откаже плановите кога Франција го окупирала Менхгут во текот на Наполеоновите војни.

Менхгут исто така служи како завршно одредиште на теснолинејката Разендер Роланд.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

54°20′47″N 13°42′34″E / 54.34639° СГШ; 13.70944° ИГД / 54.34639; 13.70944