Мерцедес Дорети (родена 1959) е форензички антрополог од Аргентина со седиште во Њујорк.[1][2] Позната е по пронаоѓањето на докази за злосторство против човештвото.[3] Таа е добитничка на наградата „Гениус Грант“ на МекАртур во 2007 година.
Нејзината мајка е Магдалена Руиз Гвиназу,[4] радио новинарка.[5]
Родена е и израсната во Буенос Аирес, Аргентина, а се здобива со диплома по антрополошки науки во 1987 при Националниот Универзитет во Буенос Аирес.
Помага во основањето на Аргентинскиот Форензички Антрополошки Тим.[6][7] Во 1992, ја отвора Њујоршката канцеларија на Тимот и глобално ја продолжува својата работа.[8]
Има работено во Чиле, Венецуела, Филипини, Гватемала, Ел Салвадор, Ирак, Бразил, Хрватска, Етиопија, Хаити, Панама, Француска Полинезија, Јужна Африка, Демократска Република Конго, Босна и Херцеговина, Источен Тимор, Зимбабве, Брегот на Слоновата Коска, Индонезија и Мексико.
Мерцедес Дорети, Џенифер Бурел (2007), „Сиви простори и бесконечни преговори“;
Бредли Џ. Адамс, Џон Е. Бирд (2008), „Измешани остатоци и истраги за човекови права“, поглавје „Обновување, анализирање и идентификување на измешани човечки остатоци“.