Месорезник или машина за нарежување — алатка што се користи во месарниците и продавниците за сувомесни производи за нарежување месо, колбаси, кашкавал, сирења и други сувомесни производи. Во споредба со обичен нож, употребата на месорезникот бара помалку напор и особено е битно што ја одржува текстурата на храната понепроменета.[1] Општо земено, месорезниците може лесно да се дотераат за да се сечат резанки со различна дебелина. Постарите модели на месорезници вообичаено користеле курбла, додека поновите обично користат електромотор.[2] Додека месорезникот традиционално е комерцијален апарат, на пазарот се продаваат и верзии за домашна употреба.[3][4]