Миле Неделкоски (Прилеп, 25 ноември 1935 — Скопје, 21 јуни 2020) — македонски поет, романописец, раскажувач и драмски писател.
Неделкоски е роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп. Бил уредник во издавачката куќа „Култура“. Член бил на ДПМ од 1963 година. Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Рациново признание“.[1] Починал на 21 јуни 2020 година во Скопје.[2]
- Срце од злато (поезија, 1963)
- Јужно лето (поезија, 1964)
- Улавиот од Преспа (поема, 1965)
- Јавачи на ветар (раскази, 1967)
- Пепелаши (роман, 1968),
- Еретикон-еротикон (поезија, 1969)
- Трненки (роман, 1972)
- Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во стихови, 1974)
- Пандур (роман, 1982)
- Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983)
- Недела ден за каење (поезија, 1984)
- Битпазар стилски вежби, ете... (поезија, 1984)
- Прозорец што гледа на улица
- Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (драми, 1985)
- Потковица на смртта и надежта (роман, 1986)
- Петрафил за вечната земја (роман, 1988)
- Подгревање на вчерашниот ручек (роман, 1988)
- Огледала на сенките (поезија, 1989)
- Создателот и старата емигрантка - продавачка на разни плодови (роман, 1991)
- Логоманија (есеи, 1996)
- Празникот на светите маченици (роман, 1996).
Неделкоски е добитник на наградата: