Милесова градина е уметнички музеј и градина на скулптури, сместен на островот Лидинге во Стокхолм, Шведска. Се наоѓа на просторот на некогашниот дом на вајарот Карл Милес (1875–1955) и неговата сопруга, уметничката Олга Милес (1874–1967). Милесовата градина се состои од три главни дела: некогашниот дом на уметникот, уметничката галерија и парк на скулптури. На површина од 2 ха, на три тераси приспособени на теренот, се наоѓаат околу 200 фигури, меѓу кои има и 10 фонтани.[1][2]
Во 1906 година, уметничкиот пар Карл и Олга Милес ја купиле парцела во Лидинг. Куќата ја проектирал архитектот Карл М. Бенгтсон (1878-1935) и свечено била отворена во 1908 година. Подоцнежните реновирања и доградби биле работени во соработка со милесовиот брат архитектот Еверт Милес (1885-1960). Планирале да изградат дом поврзан со уметноста. Во Милесовата градина воглавно се дела на Карл Милес. На влезот на средната тераса се наоѓа скулптурна градина и уште една вајарска работилница, Мало ателје. Ова било примарното живеалиште на Карл и Олга Милес до 1931 година. Во 1936 година Милесовата градина била трансформирана во фондација која била поклонена на шведскиот народ.[3][4]
Капелата во шумата била додадена кон крајот на 1940-те и е место каде што биле погребани Карл и Олга Милес. На почетокот на 1950-те, се градрла куќата на Ана според цртежите на Еверт Милес. Куќата била наменета за секретарката на Милес, Ана Хедмарк (1899-1993), која во 1950 година го зазела местото на домаќинка и кустос во Милесовата градина. Таму живеела до 1986 година.
Најновата зграда е уметничката сала, која се наоѓа до едната страна од долната тераса. Уметничката сала ја дизајнирал архитектот Јохан Селсинг, а свечено била отворена во октомври 1999 година.[5]
Милесоват градина е место на воведната сцена на познатиот научно-фантастичен роман на Пол Андерсон, Тау Зеро, а опишани се неколку дела од градината на скулптури.[6]