Милино

Милино
Милино во рамките на Македонија
Милино
Местоположба на Милино во Македонија
Милино на карта

Карта

Координати 41°48′18″N 21°52′14″E / 41.80500° СГШ; 21.87056° ИГД / 41.80500; 21.87056
Регион  Вардарски
Општина  Лозово
Население 249 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2208
Шифра на КО 24023, 24523
Надм. вис. 318 м. м
Милино на општинската карта

Атарот на Милино во рамките на општината
Милино на Ризницата

Милино — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, недалеку од патот Велес - Штип, познат како магистралниот пат А 3.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во западниот дел на областа Овче Поле, на 4 километри западно од општинскиот центар Лозово, 15 километри североисточно од Велес и 28 километри југозападно од Свети Николе.

Историја

[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 740 Турци.[2] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Турци.[3]

На пописот од 2002 година, селото имало 334 жители, од кои 241 Македонец, 33 Албанци, 19 Турци, 1 Влав, 4 Срби, 14 Бошњаци и само 22 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 249 жители, од кои 190 Македонци, 14 Албанци, 15 Турци, 1 Србин, 17 Бошњаци и 12 лица без податоци.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.104
1953 10 1.224 1.234
1961 55 195 341 11 134 736
1971 111 51 153 1 123 439
1981 222 60 13 6 157 458
1991 251 43 21 1 73 389
1994 252 51 19 1 2 45 370
2002 241 33 19 1 4 14 22 334
2021 190 14 15 1 17 12 249

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото:

Турски

  • Доселеници: Ибишалар (1 к.), Еминалар (1 к.), Араплар (1 к.), Домазетлер (2 к.), Мусалар (1 к.), Кадирлар (2 к.), Алитлар (4 к.), Енчелер (2 к.), Чилолар (3 к.), Нурчелер (2 к.), Такишилер (1 к.), Нарчелер (2 к.) и Акчелер (1 к.). Првите три рода најстари доселеници во селото. За кои претпоставуваат дека се доселени во средината на XVIII век. Другите се доселиле подоцна. За родот Араплар се наведува дека бил од Арабија.

Бошњачки

  • Доселеници: Се доселиле од 1954 до 1958 година. Се доселиле од околината на Плевља (45 семејства). Од тамошните села Бурковица, Бољаница, Потпреќе, Поблача и Мељак. Од околината на Фоча (15 семејства) поголемиот дел од тамошното село Слатина. Од околината на Препоље (20 семејства). Од околината на Нови Пазар (10 семејства), од тамошното село Нова Пољана, и др. Сепак многумина од нив подоцна се иселиле во Турција.

Албански

Ромски

  • Доселеници: Доселени се од 1954 година па натака. Од околината на Лесковац (3 семејства), кои зборуваат на албански јазик.[7]

Македонски

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1711 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 246 гласачи.[9]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Секоја година на ден Велигден, Милино ја слави својата селска слава, на која сите иселеници се враќаат дома за да се видат со своите роднини и пријатели.

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
Цркви
Археолошки наоѓалишта
Спорт

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Стари македонски и православни ромски родови иселени од ова село има во селото Судик и во градот Велес. Сепак најголеми се иселувањата на Турците. Од ова село се имаат иселено преку 177 турски семејства. Потомците на иселените Турци од ова село живеат главно во Измир (околу 90 %), а во помал дел во Истанбул и Лилебургас. Има и сосема иселени турски родови, како Чамелет, Иболар, Дестанлар, Алимлар и други.[7]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Освет на камен темелник за нова црква

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]