Милош Трифуновиќ[1][2] (роден на 15 октомври 1984 година) бил поранешен српски фудбалер.
Откако настапувал за младинскиот тим на гигантот Црвена ѕвезда од Белград, Милош ја започнал својата сениорска кариера во помалите клубови како Рибница од Мионица и ФК Белград.[3]
Во летото 2004 година тој се преселил во црногорскиот клуб Јединство од Бијело Поље, каде што настапувал во наредните две години, од кои втората сезона 2005–06 клубот се натпреварувал во Првата лига на Србија и Црна Гора.
Во пролетта 2006 година, Трифуновиќ минал краток период во шведскиот клуб Карлштад Јунајтед БК, пред да потпише договор во наредната сезона за српскиот Суперлигашки клуб ФК Борац од Чачак. По шест месеци минати во клубот од Чачак, тој бил испратен како позајмен играч до крајот на сезоната во екипата на ФК Јавор. На крајот од тековната сезона го потпишал конечниот договор. Во екипата на Јавор, Трифинувовиќ останал до месец декември 2009 година, кога преминал во составот на Црвена ѕвезда, истиот клуб каде што ја започнал кариерата.
Од почетокот на 2011 година Милош Трифуновиќ бил позајмен играч во екипата на ФК Бунјодкор и тоа за период за целата сезона 2011 година. Подоцна, во јануари 2012 година тој преминал во кинескиот клуб Љаонинг Хувин. Во месец февруари 2014 година, Трифуновиќ се преселил во казахстанскиот клуб ФК Атирау.[4] По две години минати во Казахстан, во месец јули 2015 година се вратил во српската Суперлига и тоа во дресот на екипата на Раднички од Ниш.[5] Во месец септември 2015 година, потпишал за составот на Њукасл Џетс и тоа како странски играч.[6]
На 8 април 2016 година, Трифуновиќ се вратил во Казахстанската Премиер лига, потпишувајќи за екипата на ФК Ордабаши.[7] Два месеци подоцна, на 8 јуни 2016 година, Трифуновиќ го напуштил тимот на Ордабаши со заедничка согласност помеѓу двете страни.[8]
Еден месец подоцна, Трифуновиќ потпишал двегодишен договор со српската екипа на Војводина. По краткиот период во составот на Радник од Сурдулица на почетокот на 2017 година, Трифуновиќ во летото истата година се преселил во екипата на Младост од Лучани.[9] Во месец јули 2018 година Трифуновиќ преминал во екипата на АГМК. Во месец јануари 2019 година, Трифуновиќ преминал во составот на Рад од Белград и тоа на слободен трансфер.
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Национален куп | Континетални натпревари | Други натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Гоолови | ||
ФК Црвена ѕвезда | 2009–10 | Српска Суперлига | 11 | 2 | 2 | 3 | — | — | 13 | 5 | ||
2010–11 | 15 | 6 | 3 | 2 | 2 | 1 | — | 20 | 9 | |||
Вкупно | 26 | 8 | 5 | 5 | 2 | 1 | — | 33 | 14 | |||
Бунјодкор (како позајмен играч) | 2011 | Узбекистанска Лига | 25 | 17 | 3 | 2 | 7 | 3 | — | 35 | 22 | |
Љаонинг Хувин | 2012 | Кинеска Супер Лига | 24 | 8 | 4 | 4 | — | — | 28 | 12 | ||
2013 | 20 | 5 | 1 | 3 | — | — | 21 | 8 | ||||
Вкупно | 44 | 13 | 5 | 7 | — | — | 49 | 20 | ||||
Атирау | 2014 | Казастанска Премиер Лига | 32 | 13 | 2 | 2 | — | — | 34 | 15 | ||
2015 | 9 | 1 | 1 | 0 | — | — | 10 | 1 | ||||
Вкупно | 41 | 14 | 3 | 2 | — | — | 44 | 16 | ||||
Раднички од Ниш | 2015–16 | Српска Суперлига | 7 | 2 | 0 | 0 | — | — | 7 | 2 | ||
Њукасл Џетс | 2015–16 | A - Лига | 22 | 9 | 0 | 0 | — | — | 22 | 9 | ||
Ордабаши | 2016 | Казастанска Премиер лИга | 4 | 0 | 1 | 0 | — | — | 5 | 0 | ||
Војводина | 2016–17 | Српска Суперлига | 12 | 2 | 0 | 0 | 4 | 0 | — | 16 | 2 | |
Раднички од Сурдулица | 8 | 5 | 0 | 0 | — | — | 8 | 5 | ||||
Младост од Лучани | 2017–18 | 29 | 8 | 3 | 3 | 2 | 0 | — | 34 | 11 | ||
Вкупно во кариерата | 218 | 78 | 20 | 19 | 15 | 4 | — | 253 | 101 |
Mìloš
Trifúnović