Милош Цветковиќ (роден на 6 јануари 1990 година) е српски фудбалер кој игра на позицијта на десен бек. Моментално настапува во екипата на Младост од Лучани.
Милош Цветковиќ е роден во Белград.[1] На тимот на ФК Земун му се приклучил во 2005 година. Таму ја изградил својата младинска кариера, а подоцна започнал да игра професионален фудбал за сениорскиот тим. Претходно бил член на младинските категории екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Цветковиќ својот прв натпревар за сениорската екипа на Земун ја имал на 10 ноември 2007 година, на 17-годишна возраст, заменувајќи го Бошко Чворков во второто полувреме од натпреварот против екипата на РФК Нови Сад. Тој одиграл уште еден натпревар, против тимот на ОФК Младеновац до крајот на сезоната 2007–08. Откако клубот испаднал од српската прва лига, Цветковиќ одиграл дополнителни 24 натпревари во сезоната 2008-09 но во српската лига на Белград, придонесувајќи за враќање на клубот во повисок ранг на натпреварување.[1] Помеѓу 2009 и 2011 година има одиграно 45 натпревари во Првата лига за клубот на Земун.[1]
Милош му се приклучил на тимот на ФК Рад во летото 2011 година, но, набргу потоа бил позајмен на тимот на Палиќ, каде што ја поминал првата половина од сезоната 2011-12. За екипата на Палиќ одиграл 10 натпревари во српската лига на Војводина со просечен рејтинг на оценки од 7,05.[1]
На почетокот на 2012 година Цветковиќ се преселил во тимот на Хајдук од Кула.[2] Тој пристигнал во клубот како резерва за фудбалерот Бранко Пауљевиќ. Настапувал на позицијта на лев бек до крајот на сезоната 2011–12 во српската Суперлига. По својата прва сезона во Суперлигата, Цветковиќ ја започнал новата сезона како резервен играч, но подоцна станал прв избор и тоа на десната бековска позиција. На 20 октомври 2012 година, постигнал гол на натпреварот против екипата на Војводина.[3] Во текот на сезоната играл и како лев бек и како дефанзивен играч за врска. Цветковиќ го напуштил клубот како слободен играч, откако истиот се распаднал и прекинал да постои.[4]
Во летото 2013 година, Цветковиќ потпишал тригодишен договор со екипата на Напредок од Крушевац.[5] Тој одиграл 27 лигашки натпревари и 2 натпревари во купот во сезоната 2013-2014. Во првата половина од сезоната 2014-15, со клубот на Напредок од Крушевац имал одиграно 10 натпревари во лигашкиот дел и еден натпревар во делот на купот.
По повредата на Марко Петковиќ,[6] Милош Цветковиќ се приклучил на екипата на Црвена ѕвезда од Белград и тоа по препорака на Ненад Лалатовиќ. Тој во декември 2014 година потпишал двегодишен договор со клубот.[7] До крајот на сезоната одиграл 14 натпревари и постигнал 1 гол, и тоа против тимот на Нови Пазар.[8] Откако тренерот Миодраг Божовиќ го заменил тренерот Лалатовиќ, Цветковиќ и понатаму останал во првиот тим на почетокот на сезоната 2015-16, но подоцна постепено се преселувал на клупата за резервни играчи и остатокот од сезоната во најголем дел бил на таа позиција. Подоцна заработил повреда и бил оддалечен од тимот.[9] Тренерот Божовиќ во новата сезона започнал да го користи Цветковиќ како прв избор на десната бековска позиција. И покрај тешкиот пораз од екипата Лудогорец од Разград, во вториот натпревар од третото квалификациско коло на УЕФА Лигата на шампиони 2016-2017, Цветковиќ бил еден од најдобрите поединци на тој натпревар.[10] Тој имал асистенција на неговиот прв одигран натпревар во сезоната 2016-17 во српската Суперлига, против клубот на Вождовац.[11] По истекот на договорот, Цветковиќ го напуштил клубот.[12]
Во февруари 2017 година, Цветковиќ се вратил во екипата на Напредок Крушевац.[13]
На 16 јуни 2017 година, Милош Цветковиќ потпишал со бугарскиот клуб Левски од Софија за период од 2+1 година.[14]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Други натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Земун | 2007–08[1] | Прва Лига | 2 | 0 | — | — | — | 2 | 0 | |||
2008–09[1] | Белградска Лига | 24 | 0 | — | — | — | 24 | 0 | ||||
2009–10[1] | Прва Лига | 31 | 0 | — | — | — | 31 | 0 | ||||
2010–11[1] | 14 | 0 | — | — | — | 14 | 0 | |||||
Вкупно | 71 | 0 | — | — | — | 71 | 0 | |||||
Рад | 2011–12[1] | Суперлига | — | — | — | — | — | |||||
Палиќ (како позајмен играч) | 2011–12[1] | Лига на Војводина | 10 | 0 | — | — | — | 10 | 0 | |||
Хајдук од Кула | 2011–12 | Суперлига | 8 | 0 | — | — | — | 8 | 0 | |||
2012–13 | 25 | 1 | 2 | 0 | — | — | 27 | 1 | ||||
Вкупно | 33 | 1 | 2 | 0 | — | — | 35 | 1 | ||||
Напредак од Крушевац | 2013–14 | СуперЛига | 27 | 0 | 2 | 0 | — | — | 29 | 0 | ||
2014–15 | 10 | 0 | 1 | 0 | — | — | 11 | 0 | ||||
Вкупно | 37 | 0 | 3 | 0 | — | — | 40 | 0 | ||||
Црвена ѕвезда од Белград | 2014–15 | Суперлига | 14 | 1 | — | — | — | 14 | 1 | |||
2015–16 | 8 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | — | 11 | 0 | |||
2016–17 | 2 | 0 | 0 | 0 | 6 | 0 | — | 8 | 0 | |||
Вкупно | 24 | 1 | 1 | 0 | 8 | 0 | — | 33 | 1 | |||
Напредок од Крушевац | 2016–17 | Суперлига | 10 | 0 | — | — | — | 10 | 0 | |||
Левски Софија | 2017–18 | Прва Лига | 29 | 0 | 4 | 0 | 4 | 0 | — | 37 | 0 | |
2018–19 | 28 | 0 | 2 | 0 | 2 | 0 | — | 32 | 0 | |||
Вкупно | 57 | 0 | 6 | 0 | 6 | 0 | — | 69 | 0 | |||
Вкупно во кариерата | 242 | 2 | 12 | 0 | 14 | 0 | — | 268 | 2 |