Министерство за природни ресурси и животна средина на Руската Федерација е владина агенција која е во состав на Кабинетот на Русија. Ова министерство има обврска да управува со природните ресурси на земјата и да ја штити нејзината животната средина. Прв министер бил Јуриј Трутнев.[1]
Сегашен министер е Дмитриј Кобилкин кој бил поставен во мај 2018 година.[2]
Предок на Министерството за природни ресурси и животна средина била државната служба за рударство и геологија кој ја основал Петар Велики на 2 октомври 1700 година. Откако се распаднал Советскиот Сојуз, на 14 август 1996 биле создадени Министерството за животна средина и Министерството за природни ресурси. Тие биле споени за да се формира Министерството за природни ресурси и животна средина на 28 мај 2008 година.[3][4]
Министерството за природни ресурси и животна средина е одговорно за да создава и спроведува политики и регулативи кои се однесуваат на животната средина, исто така и зачувување, регенерација, шумарство и заштита на дивиот свет.Министерството е одговорно и за истражување, управување и зачувување на природните ресурси на земјата,како и управување со водоснабдувањето, развој на минерални наоѓалишта и истражување на територијата на земјата и континенталниот праг. Задолжено е и за регулирање на индустриската и енергетската безбедност и треба да ги следи сите геолошки и земјотресни активности,како и развојот на државната полиција и законската регулатива во шумарството.[5]