Мисија за набљудување во Сиера Леоне на Обединетите нации

Мисија за набљудување во Сиера Леоне на Обединетите нации
КратенкаUNOMSIL
Основана13 јули 1998 година
ВидМировна мисија
Правен статусЗавршена
СедиштеФритаун, Сиера Леоне
Водач„Шеф на Мисија“

Френцис Г. Окело
 Уганда

„Главен воен набљудувач“
Бригадир генерал
Сабнеш Ц. Јоши

Индија Индија
Матична организацијаСовет за безбедност на ООН
Мреж. местоМрежно место

Мисија за набљудување во Сиера Леоне на Обединетите нации (UNOMSIL) била мировна операција на Обединетите нации во Сиера Леоне од 1998 до 1999 година, која била основана со усвојувањето на Резолуцијата 1181 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Мисијата трабало да ја следи воената и безбедносната состојба во Сиера Леоне.[1] Била прекината во октомври 1999 година, кога Советот за безбедност одобрила распоредување на нова и значително поголема мировна операција -- Мисијата во Сиера Леоне на Обединетите нации (UNAMSIL).[2]

Воениот елемент на УНОМСИЛ бил:[1]

  • Следење на воената и безбедносна состојба во земјата како целина;
  • Следење на разоружувањето и демобилизацијата на поранешните борци, како и улогата на ECOWAS за безбедноста во областа;
  • Надзор кон почитувањето на меѓународното хуманитарно право;
  • Надзор на доброволното разоружување и демобилизацијата на припадниците на силите на цивилната одбрана.

Цивилниот елемент на УНОМСИЛ бил:[1]

  • Советување на Владата на Сиера Леоне и локалните полициски службеници за полициска пракса, обука, доопремување и регрутирање, како и совети за планирање на реформата и преструктуирање на полициските сили на Сиера Леоне и надзор кон напредокот во таа насока;
  • Известување за кршењето на меѓународното хуманитарно право и човековите права во Сиера Леоне, како и да и се помогне на Владата на Сиера Леоне во нејзините напори за решавање на потребите на земјата за човековите права.

Конфликтот во Сиера Леоне започнал во март 1991 година, кога борците на Револуционерниот обединет фронт (РОФ) започнале војна од истокот на земјата со поддршка на Националниот патриотски фронт на Либерија за соборување на владата. Причините за ова востание биле: владина корупција и лошо управување што довела до децениски екстремна сиромаштија, нееднаквости околу индустријата за дијаманти во Сиера Леоне која многу ја фаворизирала владејачката класа и лесен пристап до војниците во форма на либериски бегалци од Првата граѓанска војна во Либерија кои честопати биле принудувани да се приклучат на РОФ.[3]

Армијата на Сиера Леоне, со поддршка на Групата за воени набудувачи (ECOMOG) на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), прво се обидела да ја брани владата, но, во април 1992 година, воен државен удар од Националниот совет за привремено владеење (НСПВ) ја соборил владата. И покрај овој успешен пуч, РОФ продолжила со своите напади.

Во ноември 1994 година, шефот на државата на Сиера Леоне упатил писмо до Генералниот секретар на Обединетите нации, во кое официјално бара негова помош во олеснување на преговорите меѓу Владата и РОФ. Во декември 1994 година, генералниот секретар испратил истражувачка мисија во Сиера Леоне да ја испита ситуацијата. Врз основа на наодите од мисијата, генералниот секретар, назначил специјален пратеник во Сиера Леоне во февруари 1995 година.[4] Овој специјален пратеник работел со Организацијата за африканско единство (ОАЕ) и ЕКОВАС за да се обиде да преговара за решавање на конфликтот и да ја врати земјата во цивилно владеење.

Како резултат на овие преговори, парламентарни и претседателски избори се одржале во февруари 1996 година, а Ахмад Тејан Кабах бил избран за претседател. РОФ, сепак, не учествувала на изборите и не ги признала резултатите. Конфликтот продолжил. Мировниот договор помеѓу Владата и РОФ бил конечно постигнат во ноември 1996 година со Мировниот договор во Абиџан. Сепак, договорот бил отстранет од страна на друг воен државен удар во мај 1997 година. Војската, во соработка со РОФ, формирала владејачка хунта .

Како одговор на вториот државен удар, генералниот секретар назначил нов специјален пратеник и Советот за безбедност ја донел Резолуцијата 1132 во октомври 1997 година, со која се воведува ембарго за нафта и оружје, како и овластување на ECOWAS да обезбеди негово спроведување. Во октомври 1997 година, ECOWAS и делегацијата што го претставувала претседателот на хунтата одржале разговори и потпишале мировен план кој, меѓу другото, повикал на прекин на огнот од страна на ECOMOG и воените набљудувачи на Обединетите нации, во очекување на одобрување од Советот за безбедност. Сепак, хунтата потоа ги критикувала клучните одредби и покренала голем број прашања, што значело дека договорот никогаш не бил спроведен.

Во февруари 1998 година, ЕКОМОГ започнала воен напад што довел до колапс на хунтата и нејзино протерување од Фритаун. Во март 1998 година, претседателот Кабах бил вратен на функцијата. Во јули 1998 година, набљудувачката мисија на Обединетите нации во Сиера Леоне (УНОМСИЛ) била создадена од Советот за безбедност за да помогне во олеснувањето на мирот. И покрај присуството на мировниците на ООН под заштита на трупите на ЕКОМОГ, борбите продолжиле со вооружениот сојуз, кој добил контрола над повеќе од половина од земјата.

Во декември 1998 година, алијансата започнала со офанзива за повторно заземање на Фритаун, а во јануари 1999 година го зазела поголемиот дел од градот. Ова довело до евакуација на УНОМСИЛ, а нејзината големина била намалена. ЕКОМОГ војниците на крајот го зазеле Фритаун и инсталирале цивилна влада. По овие размени, Специјалниот пратеник на УНОМСИЛ започнал и низа дипломатски напори насочени кон отворање дијалог со бунтовниците.

Конечно, во јули 1997 година, завршиле преговорите помеѓу Владата и бунтовниците во Ломе и сите страни се согласиле да ги прекинат непријателствата и да формираат влада на национално единство. Договорот вклучувал обврски за ставање крај на непријателствата, обновување на Комисијата за консолидација на мирот, обезбедување демобилизација и разоружување и помош при реинтеграција на борците во граѓанското општество. Исто така, се дала амнестија за сите бунтовнички борци и дозволи РОФ да стане политичка партија. За да се постигнат овие цели, се повикало на УНАМСИЛ и ЕКОМОГ да формираат неутрални мировни сили. Создавањето на УНАМСИЛ значело дека УНОМСИЛ ќе биде прекината.

Следните земји обезбедиле униформиран персонал:[5]

 Бангладеш  Боливија  Кина  Хрватска  Чешка  Данска  Египет
 Франција  Гамбија  Индија  Индонезија  Јордан  Кенија  Киргистан
 Малезија  Намибија    Непал  Нов Зеланд  Норвешка  Пакистан  Филипини
 Русија  Шведска  Тајланд  Обединето Кралство  Танзанија  Уругвај  Замбија

Финансиски аспекти

[уреди | уреди извор]

Вкупните проценети трошоци за оваа мисија биле $53,600,000 пред да биде заменета со УНАМСИЛ.[5]

13 јули 1998 година до 30 јуни 1999 година $12,900,000
Од 1 јули 1999 до 30 јуни 2000 година (проекција) $40,700,000
  1. 1,0 1,1 1,2 „UNOMSIL Mandate“. un.org. Посетено на 2018-04-12.
  2. „History of the UN in Sierra Leone“. sl.one.un.org. Архивирано од изворникот на 2021-04-25. Посетено на 2018-04-12. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  3. „The Causes of the Sierra Leone Civil War“. e-ir.info. Посетено на 2018-04-12.
  4. „UNOMSIL Background“. peacekeeping.un.org. Посетено на 2018-04-12. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  5. 5,0 5,1 „UNOMSIL Facts“. peacekeeping.un.org. Посетено на 2018-04-12. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]