Михаел Штајнер

Михаел Штајнер
Michael Steiner
Штајнер во 2011 година
Германски амбасадор во Индија
На должноста
март 2012 г. – јуни 2015 г.
3. Специјален претставник на генералниот секретрар за Косово
На должноста
14 февруари 2002 – 8 јули 2003
Претходник Ханс Хекеруп
Наследник Хари Холкери
Лични податоци
Роден(а) 28 ноември 1949(1949-11-28)(74 г.)
Минхен, Баварија,  Германија
Занимање дипломат

Михаел Штајнер (германски: Michael Steiner; р. 28 ноември 1949 во Минхен) — германски дипломат, кој служел како шеф на Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК). Тој бил германски амбасадор во Индија од март 2012 до јуни 2015 година.[1]

Ран живот и образование

[уреди | уреди извор]

Михаел Штајнер е роден на 28 ноември 1949 година во Минхен, Баварија, Германија.[2] Штајнер студирал право во Париз и Минхен од 1971 до 1977 година и станал судија во 1981 година.

Во 1981 година, Штајнер се вработил во германското Министерство за надворешни работи. Како млад политички офицер во Прага во летото 1989 година, тој добил пофалби за неговото справување со бегалската криза што помогнала да доведе до падот на Берлинскиот ѕид. Додека стотици источни Германци го опколиле теренот на неговата амбасада, барајќи азил и западногерманско државјанство, тој самиот им помогнал на некои од нив да го поминат ѕидот, до амбасадата, што била територија на Западна Германија. Потоа тој работеше на преговарање за договор за да им се дозволи на Источните Германци да ја напуштат амбасадата и да заминат на Запад.

Бил шеф на Канцеларијата за врски за германската хуманитарна помош во Загреб (1991-1992), шеф на Координативното тело за мултилатерални мировни напори во министерството (1992-1994), шеф на Специјалното одделение за мировни напори за поранешна Југославија (1994-1995), германски член на Контакт-групата за Југославија (1994-1995), главен заменик на Високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ (1996-1997), специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации за Косово (2001-2003), во чиј мандат (на 23 мај 2002 година) Привременото собрание на Косово усвојува Резолуција за непризнавање на Договорот за опис и протегање на границата меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија. Штајнеровата позиција е дека Договорот мора да се почитува и во таа насока ги вложува сите напори, вклучувајќи го и прогласувањето на Резолуцијата за ништовна.

Од април 2010 година до март 2012 година, Штајнер бил специјален претставник за Авганистан и Пакистан во германското Министерство за надворешни работи.[3]

Во март 2012 година, Штајнер бил прогласен за нов амбасадор на Сојузна Република Германија во Индија. На 20 јули 2012 година, тој бил домаќин на свечена церемонија во неговата резиденција во чест на Зубин Мехта за да му оддаде признание на неговиот исклучителен придонес во областа на класичната музика.[4]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Мајкл Штајнер се оженил со Елизе Штајнер, историчар на уметност.[5][6] Тие првпат се сретнале во Колосеумот во Италија.[7][8][9][10]

  1. „Why German Ambassador to India Michael Steiner is an envoy with difference“. The Economic Times.
  2. Sandhu, Veenu (6 December 2014). „How German Ambassador Michael Steiner is redefining diplomacy“. Business Standard India.
  3. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Шпилје"“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1660. Text "series " ignored (help)
  4. „Zubin Mehta bestowed with high honour by Germany's ambassador“. The Times of India. 20 July 2012. Архивирано од изворникот на 26 January 2013.
  5. „Salman Khurshid does his bit for Indo-German relations, woos envoy's wife in music video“.
  6. „The Gods sometimes still walk among us“.
  7. Malhotra, Jyoti (27 November 2012). „Lunch with BS: Michael Steiner“. Business Standard India.
  8. „Best German learners are in India: Steiner“. 23 November 2014.
  9. Tripathi, Shailaja (March 2013). „Crafting history“. The Hindu.
  10. „Watch Video: Kal Ho Na Ho with Mr & MRS German Ambassador & Mr Khurshid“. 25 April 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]