Момчило Гавриќ | |
---|---|
Момчило Гавриќ на Крф, 1916. | |
Починал | 28 април 1993 Белград, Сојузна Република Југославија | (возр. 86)
Држава | ![]() ![]() |
Чин | Поднаредник |
Одликувања | ![]() |
Сопружник/ци | Косара Гавриќ |
Момчило Гавриќ (Трбушница, 1 мај 1906 — Белград, 28 април 1993)[1] бил поднаредник на Шестиот артилериски полк на Дринската дивизија на Српската армија и најмлад подофицир во светот во текот на Првата светска војна.[2] Бил учесник и на Солунскиот фронт каде бил ранет.[1] После Церската битка, во 1914 година, на возраст од осум години се стекнал со чин каплар[3], а војводата Живоин Мишќ на Кајмакчалан, во 1916 година, на десет години го унапредил во чин поднаредник.[1]