Да ги сплоти сите новозеланѓани од најразлична етничка припадност, политичка приврзаност, религиозна лојалност и професија со цел на промовирање на лојалноста и почитта кон Владетелот на Нов Зеланд и увид во уставната монархија.
Да го промовира и да се зафати со изучувањето на монархијата, и улогата на Круната во новозеландскиот систем на демократско управување.
Да го гаи ценењето на вредностите на монархијата кај учениците и студентите и да го промовира нејзиното изучување во образовните установи.
Да ја информира новозеландската јавност за современата и историска важност на монархијата за новозеландскиот за идентитетот на Нов Зеланд преку изложувања, говорници, фестивали, појавувања на медиумите, публикации и сродни активности.
Да ги брани кралските прерогативи, да се погрижи да спречи понатамошна нивна ерозија, така овозможувајќи му на Монархот да биде вистински на чело на Правдата и Честа, и така што ја штити слободата на поданикот од политички и бирократски повреди.