Ева Гун Моника Нордквист Графман (родена како Нордквист на 3 февруари 1941 година во Брома, Стокхолм - 24 јуни 2017 година)[1][2] била шведска глумица, добро позната по своите улоги како мајката на Мадикен и мајка на Фиа во ТВ серијата „Белиот камен“. Сите тие филмови биле во режија на нејзиниот партнер Горан Графман.
Нордквист завршила на второто место во Конкурсот за Мис на Шведска на ВекоРевин во 1958 година и се квалификувала на натпреварот за Мис на Европа.
Од 1963 до 1966 година студирала на театарската академија во Гетеборг.
Нордквист починала на 76-годишна возраст на 24 јуни 2017 година.[3]