Мославачка Гора се наоѓа во централниот дел на Хрватска, на границата меѓу Бјеловарско-билогорска жупанија и Сисачко-мославинска жупанија. Спаѓа во стари налегнати грамадни планини од палеолошко потекло поради што е богата со рудни богатства (гранит, наоѓалишта нанафта и гас). Највисок врв е Хумка, од 489 метри надморска висина. Позначајни врвови се: Вис (444 метри надморска височина), Калуѓеров гроб (437метри надморска височина) и Месец (354 метри надморска височина). Површина на Мославачка Гора е околу 1350 км2.
Мославачка Гора е покриена со густи шуми на бука, даб, габер, костен, црна евла и бреза, а во пониските предели има овоштарници и лозја. Во 1994 година, беа пронајдени фосили на праисториски слонови и носорози во рудникот на бентонитска глина во Горна Јеленска. Постојат неколку каменоломи, од кои некои се напуштени. Најважните се Плетарац и Миклеушка. Од ретките и загрозени видови растенија во овој крај растат ѕвездестиот анасон (Carex echinata) и миризливиот дволист (Platanthera bifolia). Во реките живее загрозениот вид на риба, бел клен (leuciscus ce cavedanus), а од водоземците има дамчест дождовник, кафеава шумска жаба и жолтомешеста жаба.
На Мославачка Гора постојат остатоци од стари тврдини, од кои најпознати се Гариќ град, изграден од бан Сјтепан Шубиќ.
Мославачка Гора е заштитена во 2007 година превентивно на три години во категоријата на регионален парк.
|