Мостарска Бијела Бијела | |
---|---|
Долината на Бијела | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Местоположба | |
Држава | Босна и Херцеговина |
Општина | Мостар |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Прењ |
• координати | 43°33′58″N 17°48′20″E / 43.5660886° СГШ; 17.8055334° ИГД |
Устие | Салаковачко Езеро (Неретва) |
• место | Бијела |
• координати | 43°28′58″N 17°48′37″E / 43.4827° СГШ; 17.8104° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение | Неретва→ Јадранско Море |
Притоки | |
• леви | Црвени Поток, Буќевац, Дреновац |
Водни тела | Салаковачко Езеро |
Водопади | низа на неименувани подземни водопади во рамки на пештери по текот |
Мостарска Бијела или едноставно Бијела (во превод: Бела) ― планински поток и клисура во Босна и Херцеговина. И покрај слабиот проток и релативно краткиот тек, оваа река зазема значајно место во геологијата и хидрологијата на динарскиот карст во Босна и Херцеговина.
Мостарска Бијела е лева притока на реката Неретва. Започнува од југозападните падини на планината Прењ, каде што се нарекува Горња Бијела и тече во правец од север кон југ-југозапад и се влева во Неретва кај селото Бијела во регионот на Дрежница Доња и Салаковац.
Реката Мостарска Бијела правина ретка и единствена карстна геолошка особеност, која наликува на понорница со полуподземен тек налик на кањон. Она што е уникатно овде, во случајот на Мостарска Бијела, е тоа што пештерскиот покрив на нејзиниот подземен дел е отворен на површина во облик на многу тесен јаз на многу места, доволно само за мала количина на светлина да навлезе во кавернозното речно течение. Иако многу тежок подземниот тек е сè уште прооден, а со тоа и привлечен за туристите, планинарите, особено за искачувачи по кањони и спелеолози.
Според првата варијанта на предложената траса на нов автопат низ Прењ, долините на Коњичка Бијела и Мостарска Бијела требале да бидат силно погодени, каде што немало да остане многу од нејзината природна средина. Убавите карстни појави на длабоки кањони, подземни водопади и пештери во долината на Мостарска Бијела ќе бидат уништени или барем покриени со асфалт, бетон или камен од тунелите.