Насловната страница (на руски јазик) | |
Автор | Арон Нимцович |
---|---|
Изворен наслов | Mein System |
Земја | Вајмарска Република |
Јазик | германски |
Мојот систем (германски: Mein System) е шаховска книга, дело на Арон Нимцович. По серијата од 5 брошури, од 1925 до 1927, книгата започнала да се издава насекаде. Во ова дело се прикажани хипермодерни идеи и концепти, кои имале голема примена во развојот на современиот шах. Оригиналното издание на книгата е напишано на германски јазик.
Книгата е поделена на 3 дела: Елементи, Положбена игра и Илустративни партии.
Во делот Елементи, Нимцович дал објаснување на основите на неговиот „систем“. Тој се погрижил за елементите, како дел од шаховската стратегија:
Следниот дел, Положбена игра е во изобилство на „елементите“ изнесени во првиот дел. Во него, Нимцович покажува како да се игра за положбена предност. Тој, особено образложува дека центарот може ефектно да се контролира со употреба на фигури, наместо пешаци. Концептот, кој сега е насекдае распеространет, е едено од основните принципи на хипермодернизмот.
Делот Илустративни партии содржи 50 анализирани и коментирани партии од кариерата на Нимцович.