На Млечниот Пат

„На млечниот пат“ (српски: На Млијечном Путу) — филм на режисерот Емир Кустурица од 2016 година. Главните улоги ги играат: Кустурица, Моника Белучи и Слобода Миќаловиќ.[1]

==Синопсис Филмот се состои од три приказни во кои се прикажуваат три времиња во животот на еден човек: военото време во кое работи среќниот млекар, неговите ризични потфати и романсата со саканата жена, како и неговиот подоцнежен монашки живот, кога се присетува на бурното минато. За време на војната, секој ден, млекарот ја минува борбената линија на своето магаре, избегнувајќи ги куршумите, со цел да го пренесе драгоцениот товар до војниците. Тој има среќа во својата работа, го сака една убава селанка, а пред него е мирната иднина... Но, сѐ се менува со доаѓањето на таинствената Италијанка (ја игра Белучи) која го отпревртува неговиот живот. Тогаш започнува љубовната приказна меѓу нив која двајцата ги фрла во низа опасни авантури.