„Награда во злато“ (англиски: A Prize of Gold) — филм на режисерот Марк Робсон од 1955 година. Автор на сценариото се Роберт Бакнер и Џон Пакстон според романот на Макс Като од 1953 година. Главните улоги ги играат: Ричард Видмарк, Мај Зетерлинг и Најџел Патрик.[1]
Штабниот наредник Џо Лоренс (го игра Видмарк) се наоѓа во Берлин непосредно по завршувањето на Втората светска војна. Кога ќе сретне група германски сираци, еден од нив се обидува да му го украде џипот. На Џо му се допаѓа Марија (ја игра Зетерлинг), една од негувателките која се обидува да ги префрли децата во Бразил за да започнат нов живот...