Назабенокрилест синец | |
---|---|
Мажјак, горен дел | |
Мажјак, долен дел | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Polyommatus |
Вид: | Назабенокрилест синец |
Научен назив | |
Polyommatus daphnis (Denis & Schiffermüller, 1775)[1][2] | |
Синоними | |
Назабенокрилестиот синец (Polyommatus daphnis) е пеперутка од видот на пеперутки синци.
Подвидови на пеперугата се:[3]
Пеперутката живее во Источна Европа, Јужна Европа и Западна Азија. Живее и во Македонија.[1][3] Овие пеперутки живеат во тревни површини и отворени ливади. Живеат на места од 200 до 1700 метри надморска висина..[4][5]
Распонот на крилјата на пеперугата е од 36 до 38 мм.[4] Кај овие пеперутки има различен изглед кај мажјакот и женката. Горната страна на крилјата кај мажјаците е во светлосина боја во средишниот дел на телото, а кон краевите е во сива боја. Рабовите се во бела боја, а има и црна бордура. Антените се во црна и бела боја. Горната страна кај женките е Темнокафена, а во средишниот дел е во сина боја. Долната страна кај мажјаците е со светлокафена боја, со нијанси на зелена. Кај женките бојата е потемна. Кај двата пола има дамки во црна и бела боја со различна големина.[4][5][6] Возрасните единки летаат од јуни до август.[4][5]
„Назабенокрилест синец“ на Ризницата ? |
|