Назиреша џамија | |
---|---|
Назиреша џамија | |
Основни податоци | |
Место | Елбасан, Албанија |
Припадност | ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Основан | 1599 |
Назиреша џамија е културен споменик на Албанија, која се наоѓа во Елбасан. Изградена е во 1599 година од страна на Назиреша (Назире), ќерка на Назир (министер). Откако била делумно оштетена во 1920 година поради земјотрес (нејзиниот балкон од минарето и дел од типичниот албански покрив биле уништени), објектот станал споменик на културата во 1948 година.[1]
За време на реновирањето во 2012 година, традиционалниот висок црвен покрив од ќерамиди кој стоел неколку стотици години бил заменет со оловна купола.