Напоритан или наполитан (јапонски: ナポリタン) е популарно јапонско јадење со тестенини итамеши. Јадењето се состои од меко варени шпагети, доматен кечап, кромид, копче печурки, зелени пиперки, колбаси, сланина и по желба табаско сос. Се тврди дека Напоритан е од Јокохама.[1]
Создаден е од Шигетада Ајри (入江茂忠),[1] готвачот на хотелот Њу Гранд во Јокохама.
Готвачот го нарекол јадењето по Неапол, Италија (оттука и „Наполи“). Фонетски, јапонскиот јазик не ги разликува Р и Л како посебни звуци, и затоа ги користи истите знаци на катакана за да ги претстави Р и Л звуците на западните азбуки. Така, при конвертирање на катакана назад на англиски, само врз основа на јапонското пишување, правописот со англиската азбука е двосмислен и може да варира. Правописот Напоритан е изведен од вообичаената романизација на јапонскиот јазик, додека правописот Наполитан го зема предвид потеклото на името. Ова може грубо да се преведе како неаполски.