Општина Долен Неврокоп Δήμος Κάτω Νευροκοπίου | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Источна Македонија и Тракија |
Округ: | Драма |
Гео. област: | |
Население: | 8.466 (2021) |
Седиште: | Зрново |
Нас. места: | 18 |
Пошт. бр.: | 661 33 |
Пов. бр.: | 25230-2 |
Портал: | nevrokopi.gr |
Долен Неврокоп (грчки: Δήμος Κάτω Νευροκοπίου) — општина во Драмскиот округ, во северозападниот дел на областа Источна Македонија и Тракија во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Зрново.[1]
Општината зафаќа површина од вкупно 3 528,86 км2 и се граничи со Пиринска Македонија, во која се преоѓа преку преминот Везме (Ексохи). Подрачјето е познато по многу ниските температури во зимата и важи за најстуденото место во Егејска Македонија и цела Грција. Познато е по производството на најквалитетен компир и грав.
Крајот привлекува посетители со скијачкиот центар „Фалакро“ на планината Боздаг (Фалакро) и традиционалното посетителско село Руждене (Гранитис), големите вештачки езера кај селата Белотинци (Левкогија) и Борово (Потами), живописните планинарски патеки и старите цркви.
Општината опфаќа следниве општински оддели и населени места:
На територијата на Општина Неврокоп се наоѓаат и следниве иселени или веќе непостоечки села:
|
|