„Неделни Херои“ | |
---|---|
Податотека:La-locandina-di-gli-eroi-della-domenica-84855.jpg Филмски постер | |
Режисер | Марио Камерини |
Продуцент | Марио Камерини |
Сценарист | Франко Брусати Енио ДеКончини Марио Камерини Лионело Де Феличе Дино Риси |
Главни улоги | Раф Валоне Козета Греко Марчело Мастројани |
Музика | Алесандро Чикоњини |
Кинематографија | Марио Бава |
Монтажа | Адриана Новели |
Студио | Ризоли Филм |
Дистрибутер | Цинериз |
Премиера | 30 декември 1952 |
Времетраење | 98 минути |
Земја | Италија |
Јазик | Италијански |
Неделни херои (италијански: Gli eroi della domenica) е италијански спортски драмски филм од 1952 година во режија на Марио Камерини со Раф Валоне, Козета Греко и Марчело Мастројани во главните улоги.[1][2] Снимен е во студиото Титанус во Рим и на локацијата на Сан Сиро во Милано. Сцените на филмот ги дизајнирале уметничкиот директор Пјеро Филипоне, како и поранешниот селектор на репрезентацијата на Италија, Виторио Поцо. Во него има многу играчи од тимот на Милан. Валоне бил професионален фудбалер пред да се сврти кон актерството.
Тим кој се бори на дното на табелата во Серија А патува да игра против Милан знаејќи дека со пораз ќе биде испаднат. Престојувајќи во хотел пред неделниот натпревар, играчи го доживуваат градот на различни начини, а редовниот голман на клубот е повреден, барајќи неговото место да го заземе неискусниот, млад Марини. Во меѓувреме на Џино Барди, ѕвездениот напаѓач на клубот, преку неговата девојка му се обраќаат намерно да попушти во натпреварот во замена за голема сума пари.
И покрај нејзиниот притисок, тој одбива, но неговиот учинок во првото полувреме е слаб и тимот заостанува два гола. Навивачите на тимот погрешно веруваат дека тој навистина е поткупен. Во тој интервал лекарот на тимот го информира дека тестовите направени претходниот ден покажуваат дека е тешко болен и го советува да не се враќа на теренот, но Барди инсистира да излезе во второто полувреме. Тој го предводи закрепнувањето на тимот, доаѓајќи одзади за да поведе со 4-3 пред да колабира и да мора да биде пратен на закрепнуввање. Во последните моменти на Милан му е досуден пенал, но Марини, кој имал лоша партија, за чудо го одбрани за да го добие натпреварот.
Барди, кој закрепнува во болница, го посетува секретарката на клубот Мариолина, која многу повеќе му одговара од неговата претходна девојка.