Неера (грчки: Νέαιρα) во старогрчката митологија било име на повеќе личности.
- Нимфа, која со Хелиј ги имала ќерките Лампетија и Фаетуса.[1]
- Според Аполодор, таа била ќерка на Переј, сопруга на Алеј и мајка на Ајуга, Кефеј и Ликург. Според Павсаниј, таа била Аутоликова жена.[2]
- Една од ниобините ќерки, Ниобида.[2]
- Нимфа најада од Едонија во Тракија, омажена за речниот бог Стримон. Најверојатно била океанида и потекнувала од изворот на реката на нејзиниот маж. Според Аполодор, со него ја имала ќерката Евадна.[3]
- Нимфа која со Зевс ја имала ќерката Егла.[2]
- Нимфа од планината Сипил во Лидија. Таа со Тејодамант, кралот Дриопљани го имала синот Дресеј.[2]