Немања Вучиќ (роден 11 јуни 1996 година) е српски фудбалер, кој настапува на позицијата лев бек. Моментално настапува за екипата на ФК Вождовац.
Немања е роден во Косовска Митровица. Вучиќ се преселил во Чачак, каде што ги забележал првите сениорски настапи со локалниот клуб на Слобода во српската лига Запад. Додека бил во клубот, помеѓу 2012 и 2014 година тој одиграл вкупно 17 натпревари и постигнал 2 гола.[1] Во летото 2014 година, Вучиќ се преселил во екипата на Борац од Чачак, каде што вообичаено настапувал како член на младинскиот тим и тоа до крајот на календарската година,[2] по што преминал во Нови Пазар во пролетната половина од сезоната 2014–15.[3] Бидејќи не успеал да се појави на највисокото ниво во српската фудбалска пирамида, Вучиќ го напуштил клубот по долгиот младински престој и во летото 2015 година и заминал во екипата на ФАП. Во текот на првата половина од сезоната 2015–16 во српската лига Запад, Вучиќ одиграл 11 натпревари и постигнал 3 гола за тимот. Еднаш бил избран за играч на натпреварот,[1] против составот на Шумадија1903.[4] Вучиќ за време на полусезона решил да го напушти клубот.[5]
На почетокот на 2016 година, Вучиќ му се приклучил на српскиот прволигаш Земун. Својот прв натпревар за клубот го одиграл на 12 март 2016 година во поразот од 2:0 на гостински терен против екипата на ОФК Бачка.[6] Подоцна, до крајот на сезоната, Вучиќ одиграл вкупно 8 натпревари, добивајќи двоен жолт картон на 25-от натпревар од лигата против екипата на Пролетер од Нови Сад.[7] На почетокот на сезоната 2015–16 во Првата лига на Србија, Вучиќ вообичаено бил како резервен избор на тренерот Драгољуб Беквалац. Тој одиграл еден натпревар во нерешениот резултат од 0:0 против екипата на Слобода од Ужице. На тој натпревар во кој бил од 3 коло, Вучиќ влегол во игра во 77 минута од натпреварот на местото на соиграчот Срѓан Ајковиќ.[8] Тој се вратил на теренот во 9 коло на натпреварот против екипата на БСК од Борча. До крајот на сезоната ги одиграл сите натпревари како стартер под водство на тренерот Милан Милановиќ. Немања Вучиќ постигнал 4 гола во текот на втората полусезона во натпреварите и тоа против екипите на Раднички од Пирот,[9] ОФК од Оџаци,[10] Будуќност од Добановци[11] и Јагодина,[12] придонесувајќи за промоцијата на неговиот клуб во српската Суперлига.[13] Вучиќ својот прв натпревар во Суперлигата го имал на 22 јули 2017 година на воведниот натпревар од сезоната 2017–18 против екипата на Младост од Лучани.[14] Во остатокот од 2017 година, Вучиќ одиграл 18 натпревари во лигата и 1 натпревар од купот, постигнувајќи 3 гола, и тоа против екипите на Раднички од Ниш,[15] Мачва од Шабац,[16] и Рад од Белград.[17] На 25 февруари 2018 година, Вучиќ бил избран за играч на натпреварот во нерешениот натпревар од 1:1 против екипата на Партизан, реализирајќи го пеналот, кој претходно го изнудил во дуелот со играчот на екипата на Партизан Лука Чучин.[18] Вучиќ се здобил со повреда подоцна во 2018 година, по што го пропуштил остатокот од сезоната.[19][20]
Немања Вучиќ во 2017 година бил повикан во репрезентацијата на Србија до 20 години под водство на тренерот Милан Обрадовиќ. Тој одиграл два натпревари за тимот во јуни истата година, на натпреварите против репрезентациите на Израел и Грција, заменувајќи го соиграчот Јовица Благојевиќ и во двата натпревари.[21][22] Вучиќ во месец септември 2017 година го добил својот прв повик во српскиот тим до 21 година од страна на тренерот Горан Ѓоровиќ. Во репрезентацијата редовно бил користен како резервен играч за соиграчот[23] Мирослав Богошавац во натпреварите од квалификациите за Европското првенство на УЕФА до 21 година 2019 година. Својот прв натпревар за селекцијата на ниво до 21 година го одиграл на 17 декември 2017 година на пријателскиот натпревар на гостински терен против селекцијата на Катар. На овој натпревар Вучиќ постигнал автогол.[24]
Немања Вучиќ е висок 1,80 метри. Тој е играч со лева нога и обично настапувал на позицијата лев бек.[25] Додека бил во младинските категории, тој се појавувал и како централен бек или дефанзивен играч за врска. Во некои ситуации, ги користел лизгачките способности и одбранбените вештини.[26] Целосно и професионално играл на врвно ниво во српскиот фудбал. Вучиќ бил опишан како играч со поизразени офанзивни одлики, кој често ја пробивал средината од екипата на противникот, но со малку полоши особини во одбранбените задачи.[27] Тој бил и прецизен изведувач на пенали. Стрелец од пенали бил за екипата на Земун во две последователни победи во месец ноември 2017 година на домашен терен и тоа над екипата на Мачва од Шабац и над составот на Рад. Тој бил означен како играч со добро водство и големо влијание во тимот.[17] Немања Вучиќ го измамил репрезентативниот голман Владимир Стојковиќ користејќи стил на Паненка во нерешениот натпревар од 1:1 на гостински терен против екипата на Партизан.[28]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Останати натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Слобода од Чачак | 2012–13[1] | Српска лига Запад | 8 | 1 | - | - | - | 8 | 1 | |||
2013–14[1] | 9 | 1 | - | - | - | 9 | 1 | |||||
Вкупно | 17 | 2 | - | - | - | 17 | 2 | |||||
ФАП | 2015–16[1] | Српска лига Запад | 11 | 3 | - | - | - | 11 | 3 | |||
Земун | 2015–16 | Српска прва лига | 8 | 0 | - | - | - | 8 | 0 | |||
2016–17 | 23 | 4 | 0 | 0 | - | - | 23 | 4 | ||||
2017–18 | Српска Суперлига | 23 | 6 | 1 | 0 | - | - | 24 | 6 | |||
2018–19 | 18 | 3 | 0 | 0 | - | - | 18 | 3 | ||||
Вкупно | 72 | 13 | 1 | 0 | - | - | 73 | 13 | ||||
Војводина | 2019–20 | Српска Суперлига | 1 | 0 | 0 | 0 | - | - | 1 | 0 | ||
Вкупно во кариерата | 101 | 18 | 1 | 0 | - | - | 102 | 18 |