Немања Илиќ (11 мај 1990) е српски ракометар на Феникс Тулуз и репрезентацијата на Србија.
Откако поминал низ младинските категории на Партизан, Илиќ поминал две сезони на позајмица во Раднички Крагуевац. Тој се вратил во својот матичен клуб во 2010 година[1][2] и му помогнал на тимот да освои две последователни национални првенства (2011 и 2012 година). Во 2013 година, Илиќ се преселил во странство и потпишал со францускиот тим Феникс Тулуз. Бил позајмен во Барселона на почетокот на 2019 година, на местото на повредениот Каспер Улрих Мортенсен до крајот на сезоната.
Српски интернационалец од 2012 година.[3] Илиќ учествувал на две Светски првенства (2013 и 2019 година) и на три Европски првенства (2014, 2018 и 2020 годин).
Илиќ е постар брат на неговиот соиграч од репрезентацијата Вања Илиќ.[4]