Немања Човиќ (Нови Сад, 18 јуни 1991) — српски фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач и моментално настапува за Војводина.
Човиќ во јануари 2021 година добил покана од селекторот на репрезентацијата на Србија, Илија Столица, да учествува на турнејата на српската репрезентација составена главно од фудбалери од домашната Суперлига.[1] Своето деби го имал истиот месец на пријателски натпревар со Доминиканската Република во Санто Доминго.[2] Тој играл и неколку дена подоцна, против Панама, а откако Слободан Урошевиќ ја напуштли играта, ја зел капитенската лента.[3]
Првите фудбалски чекори ги направил во Цемент во Беочин, за чиј прв тим дебитирал на 16-годишна возраст, додека клубот се натпреварувал во Војводинската лига.[4] Во 2008 година се преселил во Нови Садски Пролетер. Со овој клуб во сезоната 2008/09 го освоил првото место во српската лига на Војводина. Со Пролетер играл и во првиот дел од сезоната 2009/10 во Првата лига на Србија,[5] за време на зимскиот преоден рок во 2010 година отишол на проба во Парма, Италија. На пробата ги задоволил челниците на Парма, па потпишал договор на четири и пол години.[4]
Не добил можност да дебитира за Парма,[6] па во јули 2011 година се вратил во Нови Сад и потпишал за Војводина.[7] Играл за Војводина во дуелот од второто коло од квалификациите за Лига Европа против лихтенштајнски Вадуц, како и во првото коло од натпреварувањето 2011/12 во српската Супер лига. После тоа, тој преминал во Спартак Суботица,[8] каде ги поминал следните две години. Во првиот дел од сезоната 2013/14 играл за тогашниот суперлигаш Доњи Срем од Пеќинац, а во текот на 2014 година бил во Казахстан каде играл за Спартак Семеј.[5]
Во есенскиот дел од сезоната 2014/15 повторно го облекол дресот на новосадскиот пролетер[5], а на почетокот на 2015 година преминал во белорускиот Шахтјор од Солигорск. Истата година се вратил во Пролетер, а потоа имал странски ангажмани во Минск, Белорусија (во два наврати) и грчкиот второлигаш Ламија.[5] На почетокот на 2018 година, по четврти пат станал играч на Пролетер. Тој бил со Пролетер во сезоната 2017/18 го освоил првото место во Првата лига на Србија со што се изборил за историски пласман во српската Суперлига. Во сезоната 2018/19, Човиќ постигнал десет гола на 34 натпревари во Суперлигата во дресот на Пролетер.[5]
Во јули 2019 година потпишал договор со Војводина.[9] Набргу по неговото пристигнување, заработил тешка повреда, поради која го пропуштил целиот есенски дел од сезоната 2019/20.[10] За Војводина настапувал од пролетниот дел на првенството.[11]
Србија | ||
---|---|---|
Години | Натпревари | Гол |
2021 година | 2 | 0 |
Вкупно | 2 | 0 |
|access-date=, |date=
(help)
|access-date=
(help)
|access-date=, |date=
(help)
|access-date=, |date=
(help)
|access-date=, |date=
(help)
|access-date=, |date=
(help)
|access-date=, |date=
(help)