Ненад Бјековиќ (5 ноември 1947, Лазарево) — поранешен српски фудбалер, фудбалски менаџер и тренер.
Ненад Бјековиќ е роден во Лазарево, село во близина на Зрењанин. Тој започнал да игра фудбал во локалниот клуб Задругар од Лазарево, пред да премине во тимот на Пролетер Зрењанин. Таму останал вкупно четири години, дебитирајќи во првата југословенска лига во сезоната 1967–68.
Во летото 1969 година, Бјековиќ заминал во екипата на Партизан. Поминал седум сезони во клубот, постигнувајќи 82 првенствени гола во вкупно 198 натпревари за популарните Црно-бели. Во сезоната 1975–76, Бјековиќ бил најдобар стрелец во југословенската прва лига со постигнати 24 гола, помагајќи му на клубот Партизан да ја освои седмата шампионска титула во нивната историја.[1]
Во летото 1976 година, Бјековиќ се преселил да игра во странство и потпишал со клубот на Ница од Франција. Во Ница играл во наредните пет сезони, постигнувајќи вкупно 85 гола на 143 лигашки натпревари. Бјековиќ во 2013 година бил прогласен за играч на векот во клубот.[2]
На репрезентативен план, Бјековиќ одиграл 22 натпревари за Југославија и постигнал четири гола. Тој постигнал гол на својот прв натпревар за државната репрезентација на пријателскиот натпревар против Бразил во Бело Хоризонте на 19 декември 1968 година. Неговиот последен натпревар за репрезентацијата бил на 24 февруари 1976 година во победата со 2:1 на гостински пријателски натпревар против репрезентацијата на Алжир во Алжир.[3]
Откако официјално ги закачил копачките, Бјековиќ ја започнал својата тренерска кариера во 1982 година како помошник на Милош Милутиновиќ во тимот на Партизан. Го заменил Милутиновиќ како тренер во клубот на почетокот на сезоната 1984-1985. На кормилото на Партизан, Бјековиќ освоил две последователни титули во лигата и тоа во 1986 и во 1987 година.
Во 1987 година, Бјековиќ бил назначен за тренер на неговиот поранешен клуб Ница во Франција. Таму останал две години. Во 1990 година, Бјековиќ се вратил во Партизан како тренер, но, само за период од два месеци.
По неговата тренерска кариера, Бјековиќ бил спортски директор на фудбалскиот тим на Партизан речиси две децении. Од оваа функција поднел оставка во мај 2007 година.[4]
На 17 април 2018 година, Бјековиќ бил избран за потпретседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.[5]
Тој е татко на професионалниот фудбалер Ненад Бјековиќ.[6]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Континентални натпревари | Вкупно | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Пролетер Зрењанин | 1965–66 | Југословенска втора лига | 21 | 7 | — | 21 | 7 | |
1966–67 | Југословенска втора лига | 21 | 4 | — | 21 | 4 | ||
1967–68 | Југословенска прва лига | 28 | 10 | — | 28 | 10 | ||
1968–69 | Југословенска прва лига | 33 | 6 | — | 33 | 6 | ||
Вкупно | 103 | 27 | — | 103 | 27 | |||
Партизан | 1969–70 | Југословенска прва лига | 32 | 7 | 2 | 0 | 34 | 7 |
1970–71 | Југословенска прва лига | 33 | 8 | 2 | 0 | 35 | 8 | |
1971–72 | Југословенска прва лига | 33 | 14 | — | 33 | 14 | ||
1972–73 | Југословенска прва лига | 33 | 13 | — | 33 | 13 | ||
1973–74 | Југословенска прва лига | 32 | 14 | — | 32 | 14 | ||
1974–75 | Југословенска прва лига | 4 | 2 | 0 | 0 | 4 | 2 | |
1975–76 | Југословенска прва лига | 31 | 24 | — | 31 | 24 | ||
Вкупно | 198 | 82 | 4 | 0 | 202 | 82 | ||
Ница | 1976–77 | Француска прва дивизија | 32 | 19 | 2 | 2 | 34 | 21 |
1977–78 | Француска прва дивизија | 35 | 29 | — | 35 | 29 | ||
1978–79 | Француска прва дивизија | 28 | 17 | — | 28 | 17 | ||
1979–80 | Француска прва дивизија | 35 | 15 | — | 35 | 15 | ||
1980–81 | Француска прва дивизија | 13 | 5 | — | 13 | 5 | ||
Вкупно | 143 | 85 | 2 | 2 | 145 | 87 | ||
Вкупно во кариерата | 444 | 194 | 6 | 2 | 450 | 196 |
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Југославија | 1968 година | 1 | 1 |
1969 година | 3 | 1 | |
1970 година | 0 | 0 | |
1971 година | 7 | 0 | |
1972 година | 3 | 0 | |
1973 година | 5 | 2 | |
1974 година | 1 | 0 | |
1975 година | 0 | 0 | |
1976 година | 2 | 0 | |
Вкупно | 22 | 4 |
Бр. | Датум | Место на одржување | Противник | Резултат | Резултат | Тип на натпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 19 декември 1968 година | Бело Хоризонте, Бразил | Бразил | 2–0 | 2–3 | Пријателски |
2 | 26 февруари 1969 година | Сплит, Југославија | Шведска | 1–0 | 2–1 | Пријателски |
3 | 13 мај 1973 година | Варшава, Полска | Полска | 2–1 | 2–2 | Пријателски |
4 | 26 септември 1973 година | Белград, Југославија | Унгарија | 1–0 | 1–1 | Пријателски |