Никола Којо | ||
Роден | Никола Којо 5 септември 1967 Белград, ![]() | |
---|---|---|
Занимање | глумец, водителот |
Никола Којо (Белград, 5 септември 1967) — српски глумец и режисер како и ТВ водител на квизот Најслабата алка.
Името Никола го добил од својот прадедо, кој бил свештено лице во Мостар. Којо на своите 13 години првпат дебитирал во филмот „Работа на одредено време“ во улога на момчето Иван. Во осумдесеттите години имал значајна улога во филмот „Игмански марш“ (1983), ТВ серијата „Сив дом“ (1984), како и една од главните улоги во трите продолженија на „Жикина династија“, улогата во филимскиот серијал „Луди години“ го направила еден од најуспешните млади глумци во тогашната Југославија.
Во 1992 година тој одиграл главна улога во филмот на Срѓан Драгојевиќ ,,Ние не сме ангели", по кој ќе биде запамтен. Иако сето тоа му донело голема медиумска популарност, продолжил да гради успешна кариера преку сериозниот пристап кон секоја улога на филмот, а од театарот се повлекол на неодредено време.
Во брак е со Александа со која имаат ќерка Ана (2008) и две близначки (2013). Во 2013 и 2014 година Никола ја водел серијата „Шоу на сите времиња“, која се емитувала на РТС.
Бил режисер на филмот „Стадо“.[1]
|