Никола Стојиљковиќ (роден на 17 август 1992 година) е српски професионален фудбалер кој настапува на позицијата напаѓач. Моментално е член на полскиот клуб Пјаст од Гливице.
Никола е роден во Ниш. Тој првите години на прилагодување на фудбалската игра ги поминал во екипите на Партизан и Рад. Својот прв натпревар во српската Суперлига го имал на 30 мај 2009 година во составот на Рад, влегувајќи како замена и создавајќи одлична асистенција за нерешен резултат од 2:2 на домашен терен против составот на Војводина. За време на неговиот престој на стадионот во Бањица, Стојиљковиќ постигнал пет гола во 26 лигашки натпревари. Сите голови ги постигнал во сезоната 2011–12.
Во зимскиот преоден рок 2013 година, Стојиљковиќ се преселил во клубот од првата српска лига, екипата на Чукарички. Во новиот клуб постигнал вкупно седум голови на 15 одиграни лигашки натпревари до крајот на сезоната 2012–13,[1] со што му помогнал на тимот да се вратат во првата најелитна лига. Со седум гола во српската Суперлига во сезоната 2013–14, Стојиљковиќ бил еден од најзаслужните за успехот на тимот, кој завршил на петтото место на табелата. Тој резултат му обезбедил на клубот место во Лигата на Европа 2014–15 на УЕФА. Тој постигнал два гола во квалификациската фаза, вклучувајќи го и победничкиот гол против екипата на СВ Гродиг. Стојиљковиќ ја завршил сезоната како најдобар стрелец на клубот со вкупно 14 постинати голови во сите типови на натпреварувања. Со неговите голови екипата на Чукарички го освоила Купот на Србија 2014–15. Тоа била првата голема титула на клубот во неговата историја.[2]
На 8 август 2015 година, Никола Стојиљковиќ заминал во португалскиот клуб Брага, потпишувајќи петгодишен договор.[3] Својот прв натпревар за клубот го имал осум дена подоцна, влегувајќи како замена во 61 минута на местото на Родриго Пињо во победата од 2:1 на домашен терен над екипата на Национал. Тоа бил првиот натпревар од сезоната за клубот во Примеира Лигата. Стојиљковиќ ги постигнал своите први голови за клубот на 21 септември, гол во победата од 5:1 над екипата на Маритимо на домашен терен на стадионот Естадио Мунисипал де Брага.[4]
Во месец септември 2017 година, Стојиљковиќ се преселил како позајмен играч во турскиот тим на Кајзериспор.[5] По завршувањето на сезоната 2017-18, тој во месец јуни 2018 година се вратил во Србија, приклучувајќи се на екипата на Црвена ѕвезда од Белград како позајмен играч за период од една година.[6]
Никола Стојиљковиќ потпишал договор кон крајот на месец јануари 2019 година и тоа како позајмен играч за шпанскиот клуб од Сегунда дивизион, ФК Мајорка.[7] Тој одиграл само четири натпревари и тоа најчесто како играч од клупата. Екипата на Мајорка на крајот на сезоната обезбедила промоција во повисок ранг на натпреварување. Стојиљковиќ имал мала минутажа и поради здобиената повреда на мусклите.[8]
На 12 август 2019 година, Никола Стојиљковиќ бил повторно со статус на позајмен играч до крајот на сезоната, но овој пат во нов клуб од португалската Примеира, во екипата на ФК Боависта.[9]
На 24 август 2020 година, Стојиљковиќ преминал во новопромовираниот клуб од Примеира, составот на СЦ Фаренсе. Овој клуб откупил 50% од неговиот договор.[10]
На 20 август 2021 година, Никола Стојиљковиќ бил префрлен во полскиот претставник на Екстракласата, екипата на Пјаст од Гливице. Договорот бил за времетраење од две години.[11]
Никола Стојиљковиќ ја претставувал својата земја на возрасни нивоа до 17, до 19 и до 21 година. Го пропуштил Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2015 година поради повреда.[12]
Во месец март 2016 година, Стојиљковиќ го добил својот прв повик за сениорскиот тим за пријателските натпревари против репрезентациите на Полска и Естонија.[13] Својот прв натпревар како стартер го имал на 23-ти март 2016 година, во поразот од 1:0 на стадионот Миејски во Познањ. На тој натпревар бил заменет од страна на соиграчот Филип Ѓуричиќ по 56 минути игра.[14]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Лига куп | Континентални натпревари | Други натпревари | Вкупно | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Рад | 2008–09 | Суперлига | 1 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 1 | 0 | |||
2009–10 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 1 | 0 | |||||
2010–11 | 4 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 4 | 0 | |||||
2011–12 | 19 | 5 | 1 | 0 | — | 1 | 0 | — | 21 | 5 | ||||
2012–13 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 1 | 0 | |||||
Вкупно | 26 | 5 | 1 | 0 | — | 1 | 0 | — | 28 | 5 | ||||
Чукарички | 2012–13 | Прва лига | 15[б 1] | 7 | — | — | — | — | 15 | 7 | ||||
2013–14 | Суперлига | 28 | 7 | 2 | 0 | — | — | — | 30 | 7 | ||||
2014–15 | 28 | 9 | 6 | 3 | — | 4 | 2 | — | 38 | 14 | ||||
2015–16 | 3 | 2 | 0 | 0 | — | 3 | 1 | — | 6 | 3 | ||||
Вкупно | 74 | 25 | 8 | 3 | — | 7 | 3 | — | 89 | 31 | ||||
Брага | 2015–16 | Примеира Лига | 31 | 10 | 7 | 2 | 2 | 0 | 6 | 3 | — | 46 | 15 | |
2016–17 | 24 | 5 | 2 | 1 | 2 | 1 | 5 | 2 | 1[б 2] | 0 | 34 | 9 | ||
2017–18 | 2 | 0 | — | 0 | 0 | 3 | 1 | — | 5 | 1 | ||||
Вкупно | 57 | 15 | 9 | 3 | 4 | 1 | 14 | 6 | 1 | 0 | 85 | 25 | ||
Кајзериспор (како позајмен играч) | 2017–18 | Суперлиг | 13 | 2 | 4 | 0 | — | — | — | 17 | 2 | |||
Црвен ѕвезда од Белград(како позајмен играч) | 2018–19 | Суперлига | 7 | 3 | 2 | 2 | — | 6 | 0 | — | 15 | 5 | ||
Мајорка(како позајмен играч) | 2018–19 | Сегунда дивизион | 4 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 4 | 0 | |||
Боависта(како позајмен играч) | 2019–20 | Примеира лига | 24 | 2 | 0 | 0 | — | — | — | 24 | 2 | |||
Вкупно во кариерата | 199 | 49 | 24 | 8 | 4 | 1 | 28 | 9 | 1 | 0 | 262 | 70 |
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Србија | 2016 година | 4 | 0 |
Вкупно | 4 | 0 |
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.