Никомед (Корнеј)

Никомед (француски): Nicomède) - драма трагедијана францускиот писател Пјер Корнеј од 1651 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Иако е создадена во периодот кога Корнеј пишувал компликувани драми, „Никомед“ се одликува со многу едноставно дејство. Рамнодушно и спокојно, Никомед се бори против плашливоста на својот татко, против превртливоста на маќеата, против илузиите на својот брат и против перфидната политика на римскиот пратеник на дворот на неговиот татко Прусијас, кралот на Битунија. Притоа, Никомед е ослободен од внатрешните конфликти и отворено се бори против своите непријатели.[1]

За делото

[уреди | уреди извор]

Во „Никомед“, Корнеј предложил нова концепција која ја изложил во предговорот на делото. Тој смета дека не е нужно херојот да предизвикува сожалување поради тоа што страда во праведната борба што ја води, туку тој треба да создаде восхит од неговиот цврст карактер и достоинствено држење. Освен тоа, на оваа пиеса Корнеј ѝ особен тон, кој ја одделува од чистата трагедија и ја доближува до големите Молиерови комедии. Оттука, оваа пиеса постигнала голем успех кај публиката, а токму со ова дело, на 24 октомври 1658 година, Молиер дебитирал во кралскиот дворец. Инаку, мислењата за оваа драма биле поделени: Самиот Корнеј изјавил дека таа му е најмила и најблиска; Волтер многу ја критикувал пиесата; а Ромен Ролан ја сметал за најнародната драма на Корнеј.[2]

  1. Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, Сид. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 31-32.
  2. Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, Сид. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 31-32.