Нишанџи Ахмед Паша | |
---|---|
Голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 23 јуни 1740 – 21 април 1742 | |
Монарх | Махмуд I |
Претходник | Иваз Мехмед-паша |
Наследник | Хекимоглу Али-паша |
Отомански управител на Египет | |
На должноста 1748–1751 | |
Претходник | Јеген Али-паша |
Наследник | Сеид Абдула-паша |
Лични податоци | |
Починал(а) | февруари 1753 Алеп, Отоманско Царство |
Националност | Отоман |
Вероисповед | ислам |
Нишанџи Ахмед-паша — османлиски државник, кој бил Голем везир на Отоманското Царство во периодот од 23 јуни 1740 до 21 април 1742 година, во времето на османлискиот султан Махмуд I[1] и провинциски управител на Египет[2][3][4].
Неговото семејство по потекло било од Аланија, Анталија, но Ахмед е роден во Саке (во провинцијата Ајден, Турција). Еден од неговите чичковци бил везир. Во 1738 година, тој бил унапреден за гувернер на провинцијата Ајден. Во 1742 година, тој се вратил во Цариград, главниот град на царството. Тој бил назначен за нишанџи (едно од највисоките бирократски места). Набргу потоа, тој бил унапреден во Голем везир на Отоманското Царство на 23 јуни 1740 година.
Понекогаш го нарекувале Ќор Везир („слеп везир“) затоа што имал вкрстен поглед[5].
Неговиот мандат во канцеларијата бил еден од ретките периоди на мир во историјата на Отоманското Царство, бидејќи војната против Хабсбуршката Монархија и Руското Царство штотуку завршила, а Надер Шах од Персија бил окупиран во Трансоксијана и Дагестан. И покрај поволните услови, Ахмед не бил во можност да ја искористи политичката мировна состојба и не успел да ја следи неговата предвидена програма за закрепнување и реформи. Во меѓувреме, тој бил обвинет за нечесност и рамнодушност кон државните работи. Тој бил разрешен од оваа функција на 21 април 1742 година и бил заменет со поискусниот Хекимоглу Али-паша, кој веќе пред 10 години имал мандат како голем везир.
Тој бил протеран на островот Родос. Меѓутоа, набргу потоа, тој се вратил на владините служби. Во 1743 година, тој станал гувернер на санџакот Мерсин, Турција и потоа гувернер на Сидон. По почетокот на новата фаза на војна против Персија, тој добил задача да го командува северниот дел од фронтот, каде успешно го бранел Карс. Потоа работел како гувернер на Алеп (во Сирија) и Дијарбакир.
По договорот од Керден, тој бил назначен за гувернер на Багдад во 1747 година, гувернер на Египетскиот ејлет во 1748 година и гувернер на Адана во 1751 година. Сепак, Ахмед ја одбил оваа последна позиција во Адана, а во 1752 година се вратил во своето поранешно владеење во Алеп, каде што починал во февруари 1753 година[6].
Современиците во Отомански Египет го опишале како човек заинтересиран за науките и филозофијата, но објавиле дека бил разочаран кога открил дека славниот египетски универзитет „ел-Азар“ престанал да предава науки и се фокусирал само на религиозно образование[4][7]. Наводно, тој открил дека дури и најобразованите Египќани и улемата се неписмени во основната математика, поминувајќи го поголемиот дел од своето време со малкумина за кои открил дека го делат неговиот интерес за науките.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Иваз Мехмед-паша |
Голем везир на Отоманското Царство 23 јуни 1740– 21 април 1742 |
Наследник Хекимоглу Али-паша |
Претходник Јеген Али-паша |
Отомански управител на Египет 1748–1751 |
Наследник Сеид Абдула-паша |