Нов Арманќој-Корделио Ελευθέριο-Κορδελιό | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°39.50′N 22°53.49′E / 40.65833°N 22.89150°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Корделио-Арманќој |
Надм. вис. | 4 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 26.131 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Нов Арманќој-Корделио (грчки: Ελευθέριο-Κορδελιό, Елевтерио-Корделио, до 1952 г. Χαρμάνκιοϊ, Харманќој,[2] до 1984 г. Ελευθέριο, Елевтерио) — предградие на Солун, Егејска Македонија, дел од општината ем Корделио-Арманќој. Населението брои 26.131 жители (2021).
Општината се наоѓа во североисточниот дел на Солун.
Во 1924 г. на подрачјето јужно од Арманќој се доселиле малоазиски Грци. Новата населба е наречена Нов или Долен Арманќој (Нео или Като Харманќој), а подоцна во 1952 г. е преименувано во Елевтерио.[3] Во исто време, на запад дојденци од Корделио (денс Каршијака) во Турција ја основале населбата Ново Корделио (Нео Корделио). Според пописот од 1928 г. Ново Корделио било дојденско село со 114 семејства од вкупно 465 жители.[4] Во 1927 - 1928 г. на подрачјето се доселени Грци од градот Василико (Царево) во Бугарија. Во 1960-тите во околината дошле Каракачани, а во 1980-тите и Грци од СССР.
Во 1984 г. Ново Корделио е припоено кон Нов Арманќој (Елевтерио), сочинивајќи го Нов Арманќој-Корделио.[5] Од 1 јануари 2011 г. општината Елевтерио-Корделио е обединета со општината Арманќој (Евосмос) во општината Корделио-Арманќој по законот „Каликратис“.[6]
|acces-date=
(help)
|