Нова Маала | |
Влезот во селото | |
Координати 41°31′35″N 22°41′54″E / 41.52639° СГШ; 22.69833° ИГД | |
Општина | Василево |
Население | 893 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27045 |
Надм. вис. | 316 м |
Слава | Успение на Пресвета Богородица |
Нова Маала на општинската карта Атарот на Нова Маала во рамките на општината | |
Нова Маала на Ризницата |
Нова Маала — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Нова Маала се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на планината Огражден и припаѓа на Општина Василево. Нејзиниот атар допира со границите на Општина Босилово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 14 километри.
Надморската височина во селото е 316 метри додека селото зафаќа површина од 17,9 км2. Од нив 557 хектари се обработливо земјиште, 770 хектари се шуми и 335 се пасишта[2]
Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Грамада, што се наоѓа југоисточно од населбата. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа 1 км југоисточно од селото, на простор од 150 х 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Има и неколку грамади од насобрани камења[3].
Пред доаѓањето на Османлиите на овие простори, селото се нарекувало Алексино[4]. Во текот на XIX век, селото било чисто турско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 70 семејства и 150 жители Турци[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 510 жители Турци[6].
Источно од селото се наоѓало некогашното село Мангала, иселено многу одамна.[7]
Голем дел од муслиманското население ги напуштило своите домови по крајот на Балканските војни, додека на нивно место се населиле бегалци од Егејска Македонија[4]. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во селото бил формиран селскиот НОО од страна на Ѓорѓи Стоев. На 28 септември 1944 година, во близина на селото од страна на германските сили биле нападнати позициите на партизаните. Во судрувањето кое траело неколку часа, фашистите биле разбиени и принудени да се повлечат кон Струмица. При повлекувањето тие се обиделе да го запалат селото, но на тоа повторно реагирале партизаните и ги спречиле во намерата. Во тие борби 4-та македонска бригада изгубила тројца борци и имала еден тешко ранет, додека Германците имале пет загинати[4].
По крајот на Втората светска војна, Нова Маала била вклучена во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци и 200 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, селото има 823 жители и спаѓа во групата на големи села.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Нова Маала има 893 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 546 |
Албанци | 0 |
Турци | 76 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 271 |
На табелата е прикажана националниот состав на селото низ сите пописни години:[9]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 696 |
1953 | 283 | — | 88 | 1 | 32 | — | — | — | 784 |
1961 | 343 | — | 276 | — | — | 2 | — | 1 | 622 |
1971 | 415 | 1 | 213 | — | — | — | — | 1 | 540 |
1981 | 550 | — | 206 | — | — | — | — | 5 | 761 |
1991 | 610 | — | 201 | 1 | — | — | — | 2 | 814 |
1994 | 544 | — | 192 | — | — | — | — | 3 | 739 |
2002 | 679 | — | 142 | — | — | — | 1 | 1 | 823 |
Нова Маала е едно од двете единствени села во Македонија со мнозинство население кое верски припаѓа на католичката црква. На табелата е прикажана верската определба во селото од 2002 година:[10]
Вера | Жители | Проценти ( %) |
---|---|---|
Католици | 520 | 63,18 % |
Муслимани | 232 | 28,18 % |
Православни | 69 | 8,38 % |
останати | 2 | 0,24 % |
Во селото постои избирачкото место бр. 1809 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 727 гласачи.[12]
„Нова Маала“ на Ризницата ? |
|