тркалезни или овални нотни глави кои во зависност од вредноста на нотата може да се поцрнат.
вертикални линии, т.н. нотен врат кој, во зависност од нотната вредност и нејзиното место во петолинието, се додава на десната или левата страна на нотната глава:
знаменце на нотниот вратот (или повеќе, во зависност од вредноста на нотата).
Ако нотите се спојуваат со ребра, тогаш се отстапува од горенаведеното правило. Имено, положбата на нотните црти и ребрата диктира поголем бројот на ноти во горниот или долниот дел од линискиот систем (видете го нотниот пример десно).
Во случаите кога на еден линиски систем се наоѓаат два гласа, тогаш нотните црти за горниот глас се свртуваат нагоре, а за долниот глас - надолу, без оглед на положбата на нотите во линискиот систем (видете го нотниот пример подолу).