Обединети патриоти Обединени патриоти | |
---|---|
Водач | Красимир Каракачанов Валери Симеонов Волен Сидеров |
Гесло | „Бугарија над сè!“ |
Основана | 28 јули 2016 |
Распуштена | 5 февруари 2021[1] |
Штаб | Софија |
Весник | Атака Бугарија Десант |
Младина | НМО Атака НМК ВМРО НФСБ Младинци |
Идеологија | Национализам Конзервативизам Национален конзервативизам Евроскептицизам Антиглобализам Антиимиграција |
Европски парламент | Европски конзервативци и реформисти |
Бои | бело, зелена, црвено |
Народно собрание | 27 / 240
|
Европски парламент | 1 / 17
|
Мрежно место | |
nfsb.bg vmro.bg ataka.bg | |
Политика на Бугарија Политички партии Избори |
Обединети патриоти (бугарски: Обединени патриоти) е националистичка коалиција во Бугарија на политичките партии ВМРО - Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), Национален фронт за спасење на Бугарија (НФСБ) и Атака.
Коалицијата е формирана со договорот за заедничка кандидатура на трите партии за претседателските избори во 2016 година. На 28 јули 2016 година иницијативен комитет на организациите сака Красимир Каракачанов од ВМРО-БНД за кандидат за претседател, а за негов потпретседател е предложен Јавор Нотев од Атака.[2][3][4] Двојката добива поддршката на Патриотскиот фронт (НФСБ и ВМРО) и Атака.[5][6] На 30 септември 2016 година тие се регистрираат во ЦИК (Централна изборна комисија) како "Обединети патриоти - НФСБ, Атака и ВМРО".[7] Во 43 бугарски парламент коалицијата има вкупно 33 места - ВМРО-БНД (8), НФСБ (9), Атака (11), Народен сојуз (5).
На 4 мај 2017 г. Красимир Каракачанов е избран за министер за одбраната на Бугарија.
Главните приоритети на коалицијата са: социјално пазарно стопанство, справување со имигрантската инвазија, независност на надворешната политика, борба против монополите, безбедност, производство, едукација и духовност.
"Обединети патриоти" добива поддршка од следниве партии и организации:
Првото учество на коалицијата на избори е на претседателските избори во 2016 година. Красимир Каракачанов заработува 573 016 гласа или 14,97%, како се рангира на третото место.[9]
27 / 240
|
Оваа страница била создадена, целосно или делумно, како превод од оригиналната страница « Обединени патриоти » од Википедија на бугарски јазик под ГЛСД. Ве молиме обратете се кон историјата на оригиналната страница за да ја погледнете листата на нејзините автори. |