colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Обична смрчка | |
---|---|
Податотека:Обична смрчка „Morchella-vulgaris)-0586.jpg | |
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Научна класификација | |
Царство: | Morchella |
Оддел: | Аскомикота |
Класа: | Пезизомицети |
Ред: | Пезизалес |
Семејство: | Смрчки |
Род: | смрчки |
Вид: | M. vulgaris |
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Научен назив | |
Обична смрчка Pers. Gray (1821) |
Обична смрчка (латински: Morchella vulgaris) е вид на смрчка, која расте во рана пролет близу тополи и јасен во трева, на глина, на песочна почва, покрај патишта со лабав чакал, покрај бреговите на потоци, во каменоломи, на градилишта, со отпад од целулоза, со овоштарници, во насади со артичока, во лозови насади итн.
Плодното тело на смрчакот е големо, месесто, шупливо внатре, поради што печурката е со многу мала тежина. Шапката е висока 10 -15 см, овално продолжена или неправилно тркалезна; ребрата неправилно се испреплетуваат и на тој начин создаваат неправилно продолжени и кривулкави дупчиња (алвеоли) без некој геометриски облик.
Долниот дел на шапката е прираснат за дршката,бојата му е саѓесто кафеава, бледокафена или жолтокафеава,врвовите на ребрата се редовно посветли од бојата на алвеолите.
Дршката е висока 3 - 5 см,кон дното подебела, неправилна, при дното браздеста, шуплива и белузлава. месото е белузлаво или окер, мирисот и вкусот се мошне пријатни. Спорите се елиптични и мазни.
Габи / Романо Божац: морфологија систематика токсикологија ISBN 953-0-61500-0 (Загреб) стр.392