Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
Староседелци и доселеници со непознато потекло:Чолачанци (8 к.), Тутушанци (5 к.), Бароњци (4 к.), Бајагинци (4 к.), Стамболци (3 к.), Арсеновци (2 к.), Портарци (2 к.), Ралевци (2 к.), Печењаци (7 к.), Лукарци (4 к.) и Жерци (2 к.) некои од наведените родови се староседелски, а други се доселени со непознато потекло.
Доселеници со познато потекло:Шопци (4 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка; Нагоричанци (1 к.) доселени се од Нагоричане; Долинци (2 к.) доселени се од селото Коинце, подалечно потекло од некаде од Србија; Антинци (5 к.) доселени се од селото Аљинце; Николајци (4 к.), Дудманчанци (2 к.) и Дренчанци (1 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Карадачанци (1 к.) и Чифлиџанци (1 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово; Радибужчанци (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Мајорци (1 к.) доселени се од селото Арбанашко.[9]
Иселеништвото почнало со посилен интензитет веднаш по Втората светска војна. Воглавно во селото останувало постарото население со преку 50 години, додека помладите почнале да се иселуваат.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“