Оверосаурус | |
---|---|
Оверосаурус | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Оверосаурус |
Вид: | Оверосаурус |
Научен назив | |
Оверосаурус Корија, 2013 |
Оверосаурус (што значи „гуштер од Оверо“, по наоѓалиштето Серо Оверо) — род на сауроподски диносаурус, кој содржи само еден вид, Overosaurus paradasorum . Овој вид живеел пред околу 86-84 милиони години за време на периодот креда во Патагонија, на територијата на денешна јужнаАргентина. Overosaurus paradasorum бил релативно мал во споредба со другите сауроподи од Патагонија, како солтасауридите и другите аеолосаурини. Оверосаурусот бил тревојад , релативно мал за сауропод, со должина проценета на приближно 10 метри должина.
Оверосаурусот бил опишан и именуван од Родолфо А. Корија, Леонардо С. Филипи, Луис М. Чиапе, Родолфо Гарсија и Андреја Б. Аркучи во 2013 година. Овој вид е познат исклучиво од холотипот MAU-Pv-CO-439 кој се состои од целосно артикулирана ’рбетна серија од 10-тиот вратен до 20-тиот каудален пршлен, ребрата на последните три цервикални пршлени, шест десни дорзални ребра (артикулирани со нивните соодветни дорзални пршлени 2,3,4,5,8,9), пет леви дорзални ребра (артикулирани со нивните соодветни грбни пршлени 2,3,4,5,8), проксималните делови на грбните ребра на двете страни на грбните пршлени 9 и 10, целосна десна илибедрена коска и фрагментиран лев илиум. Поточно, ’рбетниот серијал ги вклучува последните четири цервикални пршлени, десет грбни пршлени, шест сакрални пршлени и дваесет каудални пршлени. Неговата карлица се состои од шест споени сакрални пршлени.
Евтитаносаурија |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Оверосаурусот бил диференциран од другите титаносаурусни таксони користејќи единствена комбинација на карактери присутни во бедрената коска и во цервикалните, дорзалните и пршлените на опашката..Филогенетска анализа на Литостротија го поставува Оверосаурусит во Аелосауридите, како сестрински таксон на монофилетична група формирана од страна Гондванатитан, Питекунсаурус и Аеолосаурус.
Единствениот познат примерок од Overosaurus paradasorum е пронајден во месноста Серо Оверо во Патагонија, Аргентина . Примерокот бил собран во 2002 година од истражувачи од Музејот Кармен Фунес, Музејот Аргентино Урквиза и Природонаучниот музеј на округот Лос Анџелес, во копнени седименти депонирани за време на етапата кампан од доцниот период на Креда, приближно од 84 до 78 милиони години . Овој примерок е сместен во колекцијата на Музејот Аргентино Уркиза во Неукен, Аргентина. Примерокот го пронајделе Карлос Парада и неговото семејството, кои пружиле логистичка поддршка на музејскиот персонал [1] како и помош при теренска работа.[2] Месноста Серо Оверо првично била пријавена како во составот на Анаклото формацијата на групата Неукен [3] но сега се припишува на формацијата Бахо де ла Карпа .[4]