Овчар | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 985 м [1] |
Координати | 43°53′48″N 20°12′50″E / 43.89667°N 20.21389°E |
Географија | |
Место | Србија |
Овчар – планина во западна Србија, нејзиниот врв се наоѓа на 10,5 км западно од центарот на Чачак и е висок 985 м. Овчар заедно со планината Каблар ја формира Овчарско-кабларската Клисура низ која тече Западна Морава.
На планината Овчар некогаш се наоѓал вулкан кој денес е угасен. На врвот се наоѓа телевизиска антена и предавател на Радиотелевизија Србија. Предавателот настрадал за време на бомбардирањето на НАТО на СР Југославија. Денес е обновен и покрај него се наоѓа видиковец со поглед на градот Чачак.
Дел од оваа планина е заштитен како природно богатство на Република Србија. Овчар е туристичко одредиште кое е дел и од понудата на туристичките организации. Недалеку од планината се наоѓа познатата Овчар Бања.
На патот кој води за Овчар Бања покрај Овчар Планина, се наоѓаат 12 манастири и пар црквички. Месното население овие манастири ги нарекува Српска Света Гора.
|title=
(help)