![]() Ејкинг на Трката околу Германија 2018 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Од Кристијан Ејкинг |
Роден | 28 декември 1994 Сторд, ![]() |
Висина | 1,82 м |
Маса | 75 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | ЕФ Едукејшн-ИзиПост |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | специјалист за искачување |
Аматерски клубови | |
2010–2013 | Берген СК |
Професионални клубови | |
2014–2015 2016–2017 2018-2020 2021 2022- | Тим Џокер ФДЖ Ванти-Груп Гобер Интермарше-Ванти-Жобер Материо ЕФ Едукејшн-ИзиПост |
Последна промена 26 март 2022 |
Од Кристијан Ејкинг (норвешки: Odd Christian Eiking; р. 28 декември 1994) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1][2]
Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[3]
Во август 2017 година, Ејкинг потпишал договор со Ванти-Груп Гобер и се приклучил од сезоната 2018.[4] Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[5]
На Вуелта а Еспања 2021, Ејкинг бил дел од бегството составена од 31 возач на десеттата етапа,[6] каде бил најдобро пласиран возач во генералниот пласман, доцнејќи зад предводникот на трката Примож Роглич (Џамбо-Висма) над девет минути. Предноста на група пред главната група достигнала над тринаесет минути на својот максимум, со што на крајот Ејкинг завршил скоро осум и пол минути пред Роглич, преземајќи ја водечката црвена маичка. Го одржал водството на трката до завршната седмица,[7] предавајќи ја маичката на етапата 17, кога отпаднал на второто од четирите категоризирани брда во текот на етапата.[8] Изгубил 9' 23" до крајот на етапата, со што паднал на единаесеттото место, каде останал до крајот во генералниот пласман.[9] Неколку дена по трката, Ејкинг потпишал договор со екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост за сезоната 2022.[1]
Голема трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|
![]() |
не настапил во текот на кариерата | |||||
![]() |
— | — | — | 111 | — | — |
![]() |
77 | СО | — | — | — | 11 |
СО = се откажал; — = не учествувал