Audrey Horne | |
---|---|
лик од Twin Peaks | |
Податотека:AudreyHorne.jpg Audrey Horne, as portrayed by Sherilyn Fenn. | |
Прво појавување | "Pilot" |
Последно појавување | "Episode 29" |
Создавач | David Lynch |
Толкува | Sherilyn Fenn |
Информации | |
Занимање | Student, saleswoman, businesswoman |
Семејство | Horne |
Роднини | Ben Horne (father) Sylvia Horne (mother) Johnny Horne (brother) Donna Hayward (half-sister) Jerry Horne (uncle) |
Date of birth | август 15 1972 |
Одри Хорн — фиктивен лик од ТВ серијата „Твин Пикс“. Улогата ја толкува Шерилин Фен. Овој лик е создаден од Дејвид Линч и беше претставен во пилот епизодата од серијата. Ликот на Одри, којашто е ќерка на Бен (Ричард Бејмер) и Силвија Хорн, сестра на Џони Хорн (Роберт Бауер) и полусестра на Дона Хејворд (Лара Флин Бојл), се фокусира на нејзината занесеност по протагонистот Дејл Купер (Кајл Меклаклан), инфилтрирањето во казиното/борделот One-Eyed Jack's, како и постанувањето активист преку граѓанска непослушност.
Во серијата Одри има 18 години. На крај дознава нејзиниот татко, бизнис магнатот Бенџамин Хорн бил љубовник на починатата Лора Палмер.
Одри е позната како проблематична девојка, а подоцна и го потврдува ова. Во една незаборавна сцена од пилот епизодата на Твин Пикс, таа успева да уништи милионска зделка на татко ѝ со тоа што го прекинува состанокот на групата норвешки инвеститори и им раскажува за убиството на Лора.
Иако Одри и Лора не се другарки, Одри вели дека на некој начин ја сакала Лора бидејќи таа го подучувала нејзиниот ментално хендикепиран брат Џони.
За време на првата сезона од Твин Пикс, Одри се заљубува во Специјалниот агент на ФБИ, Дејл Купер. Му помага во истрагата за убиството на Лора со тоа што се инфилтрира во канадскиот бордел One-Eyed Jack's како хостеса. Исплашена за својот живот, таа останува во борделот во наредните неколку епизоди кои всушност претставуваат врска меѓу првата и втората сезона каде наидува на длабоко вознемирувачки откритија.
Во втората сезона од серијата, сценаристите планирале вистинска врска меѓу Купер и Одри, но глумецот кој го игра Купер, Кајл Меклаклан, се спротивставил на тоа, велејќи дека Купер никогаш не би бил во врска со средношколка. Сепак, при крајот на втората сезона Купер стапува во врска со една друга млада девојка, Ени Блекбурн, којашто има околу 20 години. При неговиот последен позначаен разговор со Одри, тој ѝ признава дека не сака да биде со неа поради нејзина безбедност. Во еден од неговите претходни случаи, Купер се заљубува во една млада девојка која подоцна е убиена. Во понатамошните епизоди од втората сезона Одри флертува со Боби Бригс, а потоа се заљубува во Џон Џастис Вилер (Били Зејн), еден од бизнис-партнерите на татко ѝ.
Одри пронаоѓа докази кои го ослободуваат Купер од обвиненијата што беа поднесени против него по неговата рација во казиното/борделот One-Eyed Jack's. Исто така, му дозволува на татко ѝ да ја убеди и се пријавува за изборот за убавица Мис Твин Пикс, каде што држи срцепарателен говор за заштита на загрозените видови.
Во последната епизода од серијата Одри се впушта во чин на граѓанска непослушност во локалната банка со цел да ја спаси локалната шума. Додека е врзана за вратата од трезорот на банката, во трезорот експлодира бомба поставена од Томас Екарт како иронична награда во потрагата по богатството. Ендру Пекард, Пит Мартел и еден постар банкар се најблизу до експлозијата, додека судбината на Одри останува нејасна. Во интервју за America Online, Шерилин Фен, која ја игра улогата на Одри, изјавува дека доколку има трета сезона од серијата нејзиниот лик би ја преживеал експлозијата.
Исто така, во последната епизода од серијата се наговестува дека Одри е всушност полусестра на Дона Хејворд, чиј вистински татко е Бенџамин Хорн.
Во една од сцените која не е вклучена во серијата но е достапна на Twin Peaks Gold Box DVD сетот, се открива дека мајката на Одри ја смета сопствената ќерка за одговорна за состојбата на нејзиниот брат Џони, опишувајќи случка во која Одри го турка деветгодишниот брат надолу по скалите. Сепак, д-р Џакоби инсистира дека состојбата на Џони во која се наоѓа е резултат на непозната емоционална траума.
Анџело Бадаламенти ги компонира лајт-мотивите Audrey's Dance, Audrey's Prayer, и Audrey наменети за нејзиниот лик.