Омлоп Хет Ниусблад 2018 — 73. издание на велосипедската еднодневна трка Омлоп Хет Ниусблад, која се одржала на 24 февруари како четврти настан во сезоната на Светската турнеја. Вторпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.[2][3]
Била освоена од данскиот возач Михаел Валгрен од екипата Астана, кој дошол сам до победа со 12 секунди предност во однос на возачот на Тим Скај, Лукаш Вишњовски од ПОлска, додека подиумот го заокружниот домашниот возач Сеп Ванмарке (ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак).[4]
Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2017 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Поради тоа, седумнаесет од осумнаесетте екипи настапиле на трката, со исклучок на Мовистар Тим. Дополнително, осум професионални континентални екипи се натпреварувале со што се заокружила главната група од 25 екипи.[5]
Екипи од Светската турнеја на UCI (17)Професионални континентални екипи (8) |
 |
[6]