Опсада на Негропонте (1688) | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Морејска војна | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Венецијанска Република | Отоманско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Франческо Моросини Ото Вилхелм Кенигсмарк Шарл Феликс Галеан | Исмаил-паша | ||||||
Сила | |||||||
15,000 војници 10.000 во флота | 6,000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
Тешки загуби, 4.000 од чумата | непознато |
Опсада на Негропонте (денешна Халкида) била преземена од силите на Република Венеција од јули до октомври 1688 година. Венецијанската армија, составена од неколку платенички и сојузнички контингенти од Западна Европа, успеала да го заземе Пелопонез во претходните години и продолжила кон Атина, а по опсадата на Акропол следувала и битката кај Негропонте, главното османлиско упориште во Централна Грција. Венецијанската опсада била попречена од османлискиот отпор и нивната неможност целосно да го изолираат градот, бидејќи османлискиот генерал Исмаил-паша успеал да ги пренесе резервите до опколениот гарнизон. Понатаму, венецијанската армија претрпела многу жртви од избувнувањето на чумата во венецијанскиот логор, што довело до смрт на 4.000 војници и искусниот генерал Ото Вилхелм Кенигсмарк. Заминувањето на фирентинскиот и малтешкиот контингент дополнително ги ослабнало позициите на Венецијанците, а кога германските платеници одбиле да останат таму во зимскиот период, венецијанскиот командант, дужот Франческо Морозини, морал да го признае поразот и да се повлече на Пелопонез.