Општина Осломеј
денес дел од Општина Кичево | |
Местоположба на поранешната Општина Осломеј. | |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Осломеј |
Регион | Југозападен |
Површина | 121,09 км2 |
Основана | 1913, 1996 |
Службен јазик | македонски и албански |
Демографија | |
Население | 10.425 жит. |
- проценка од 31.12.2011 | 10.580 жит. |
Густина | 86,05 жит./км2 |
Населени места | |
Народности | Македонци и Албанци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Фатмир Дехари (последен) |
Совет | 15 члена |
Контактни податоци |
Општина Осломеј — поранешна општина во Западна Македонија. Седиште на општината било селото Осломеј. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 година, а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Вранештица[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г.
Територијата на Општина Осломеј е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Кичево и Општина Вранештица на југ, Општина Зајас на запад, Општина Гостивар (порано Општина Србиново) на север и Општина Македонски Брод (порано Општина Самоков) на исток.
Општина Осломеј се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓала во Кичевското Поле и имала вкупна површина од 121,09 км2. На север општината граничела со општините Македонски Брод и Гостивар, на запад со Зајас, на исток со Македонски Брод и Вранештица, на југ со Вранештица и на југозапад со Кичево. Во општината се наоѓала планината Добра Вода.
Значаен индустриско-стопански објект во општината бил ТЕЦ Осломеј. Населението воглавно се занимавало со трговија, сточарство и земјоделство.
На добар дел од вкупното население на општината Општина Осломеј не им било место на постојано живеалиште. Албанското население најмногу се иселува во Швајцарија, Германија и Италија.[1]
Според пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 10.425 жители со густина на население од 86,05 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:
Народ | Број | Удел (%) |
Македонци* | 110 | 1,06 |
Албанци* | 10.257 | 98,39 |
Бошњаци | 1 | 0,01 |
други | 57 | 0,.54 |
Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Осломеј во 2011 паднал за 36.8% во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Осломеј е прва општина по падот на вкупниот број на ученици.[3]
Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[4]:
Јазик | Говорници |
македонски | 103 |
албански | 10.261 |
влашки | 1 |
бошњачки | 1 |
други | 59 |
Вероисповед на населението според пописот од 2002 година:
Вера | Број |
православие | 98 |
ислам | 10.260 |
католицизам | 5 |
други | 62 |
Последен градоначалник на општина Осломеј бил Фатмир Дехари од редовите на ДУИ. Општината имала вкупно 15 советници кои го претставувале 17 села од општината.
Во склоп на општина Осломеј биле следниве села: Арангел, Бериково, Гарани, Жубрино, Јагол, Јагол Доленци, Ново Село, Осломеј, Папрадиште, Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Црвивци, Ќафа и Шутово