Орден „8 Септември“ | |
---|---|
Доделена за | Вонредни заслуги на личности и организации за исклучителен придонес за развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива соработка со други држави. За придонес, за развој и афирмација на меѓунационалните односи, за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста и одбраната на земјата. |
Држава | Македонија |
Доделува | Претседател на Република Македонија |
Орден „8 Септември“ — високо македонско одличие во чест на 8 септември — Денот на независноста на Република Македонија.
Има основна ѕвездеста форма со димензии од 81 мм.
Орденот е изработен од сребро со позлата, тониран топол емајл во современа јувелирско-ковна техника. Има соодветна, лента и минијатурна лента.
Редниот број на орденот, жигот за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот е втиснат на задниот дел на орденот.
Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.
Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.
Орденот „8 Септември“ се доделува:
Име и презиме | Година | Опис на заслугата | Напомена |
---|---|---|---|
Робер Бадентер | 2006 | За исклучителен придонес за јакнењето на меѓународнта положба и углед на Македонија и за придонес во развој и афирмација на меѓуетничникте односи | Француски државник |
Кристофер Хил | 2007 | За исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со САД | прв амбасадор на САД во Македонија |
Роман Херцог | 2009 | за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Германија | Претседател на Германија |
Жељу Желев | 2010 | за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена Република Македонија , и за развојот на севкупните односи и соработка меѓу двете држави. | Претседател на Бугарија во Македонија |
Уфе Елман Јансен | 2010 | за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Данска | Министер за надворешни работи на Данска |
Џон Битов | 2011 | за исклучителната посветеност и ангажираност во поддршката на напредокот на Република Македонија и нејзина афирмација во светот како независна и демократска држава, како и за придонесот во развојот и унапредувањето на односите и соработката со пријателска Канада | Канадски стопанственик |
Никола Кљуесев | 2011 | за исклучителен придонес за остварувањето на независноста, сувереноста, самостојноста, териоторијалниот интегритет на Република Македонија. | Прв Премиер на Македонија(посмртно) |
Јордан Мијалков | 2011 | за исклучителен придонес во остварувањето на независноста, самостојноста, сувереноста и територијалниот интегритет на Република Македонија . | Министер за внатрешни работи на Македонија (посмртно) |
Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани | 2011 | за неговите заложби во афирмацијата на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите, како и за особениот придонес кон развојот на односите меѓу Катар и Република Македонија. . | Емир на Катар |
Бронислав Коморовски | 2013 | за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Полска. | Претседател на Полска |
Виктор Орбан | 2013 | за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија | Премиер на Унгарија |
Милош Земан | 2016 | за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија | Претседател на Чешка |