Орионска променлива ѕвезда

Орионска променлива ѕвездапроменлива ѕвезда која покажува неправилни и избувни колебања на нејзината сјајност и обично се поврзани со принадлежни расеани маглини. Се смета дека овие млади ѕвезди подоцна стануваат правилни и непроменливи ѕвезди од главната низа со нулта старост. Сјајносните колебања може да бидат во размер од неколку величини.

Ѕвезда од типот на T Бик

[уреди | уреди извор]

Ѕвездите од типот на T Бик (T Tau-ѕвезди) се орионски променливи кои имаат својствена флуоресцентни виолетови оддавни линии од единечно јонизирано железо (FeII) во нивните ѕвездени спектри, како и линии од литиум — метал кој обично се уништува при јадреното соединување во ѕвездите.

Ѕвезда од типот на FU Орион

[уреди | уреди извор]

Ѕвездите од типот на FU Орион (FU Ori-ѕвезди, наречени и „фуори“) се орионски променливи кои се накачуваат за 5–6 величини, па се спуштаат на една величина и остануваат такви многу децении. Нивниот прототип е FU Орион, а други примери се V1057 Лебед и V1515 Лебед.

Промненливост

[уреди | уреди извор]

Од оваа разновидна класа на ѕвезди, некои орионски променливи имаат периодични промени во мал замав (до 1 величина), некои нагло избледуваат, а пак трети имаат спектрални особености кои укажуваат на пад на масата (YY Ori-ѕвезди). Поголем број од овие особености може да се јават во било која орионска променлива.

Поимот „орионска променлива“ е згоден сеопфатен поим, но во поново време се смета за застарен; задржан е на места како Општиот каталог на променливи ѕвезди од историски причини. Астрономите користат поспецијализирани поими кои се однесуваат на фактичките физички разлики меѓу разните млади променливи, како што се „класична ѕвезда од типот на T Бик“ или „ѕвезда од типот на UX Орион“.

  • Samus N.N., Durlevich O.V., et al. Combined General Catalog of Variable Stars (GCVS4.2, 2004 Ed.)
  • Glasby, J. S. The Nebular Variables: International Series of Monographs in Natural Philosophy
  • Cohen, M.; Dewhirst, D. W. (1973). „Infra-Red Observations of Young Stars-II: T TAURI STARS AND THE ORION POPULATION“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 161: 97. Bibcode:1973MNRAS.161...97C. doi:10.1093/mnras/161.1.97.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]