Османлиска култура

Културата на Отоманското Царство во текот на неколку векови се менувала во зависност од освоените територии. Во текот на својата историја во империјата живееле значителен број на Грци, Ерменци, Асирци и Словени кои поседувале одредена автономија преку формираните милети и чии различни култури имале одредено влијание врз османлиската.

Во првите векови од создавањето на земјата, Османлиите биле насочени најпрвин кон византиските делови на Анадолија а подоцна и во Европа објавувајќи џихад или света војна на христијаните. Првите владетели на империјата се нарекувале Гази или војници. Сепак, по преселувањето на турското население кон западните земји и асимилацијата на балканските народи, започнала апсорбација на различните видови култури.

Поврзано

[уреди | уреди извор]